ФАНТАСТИЧНА КИКИРИКИ БАЈАДЕРА…Ја подготвувам додека сварам кафе и сите сакаат парче плус…
За мене вистинска бајадера е кога се крши под заби, а во устата буквално се топи. Е, оваа е токму таква, само е потребно да се добие вистинската густина на смесата.
Ако смесата излезе премногу ретка, тогаш бајадерата се рони, а доколку е премногу густа, тогаш се растура и не компактна.
Затоа, пред да почнете да ја правите треба да го знаете ова. Многу лесно се приготвува и навистина е едноставна, но важно е да ја „пoгодите“ густината. Најдобро е мелените кекси да ги додавате постепено додека ја замесувате смесата.
Ќе испробате дали е добра густината на следниов начин: во една лажица земете малку од смесата, а со друга притиснете ја.
Истресете ја во тенџерето: ако не се растура, значи дека смесата е добра, а ако се цеди како течност, тогаш додајте уште кекси. Користете посни намирници ако сакате да биде посна. Еве што ви е потребно за овој рецепт:
Потребни состојки:
300 г шеќер,
200 мл вода,
200 г путер/маргарин,
300 г несослени мелени кикирики,
околу 300 г мелени бисквити по избор,
50 г темно чоколадо или 2 лажици какао,
100-150 г чоколадо за глазура, со малку масло (околу 3 лажици)
ПОСТАПКАТА опишана во детали можете да ја прочитате ОВДЕ:
КИКИРИКИ БАЈАДЕРА: Предобар вкус и многу добро изгледа, без рерна и без миксер
КИКИРИКИ БАЈАДЕРА: Се прави за брзо, од смесата излегуваат многу колачиња
КОЦКИ СО КИКИРИКИ, ви требаат само 3 состојки и 10 минути, од сите рецепти ова е наједноставниот
Кикирики бајадера – ситен колач идеален за сите слави и прослави – брзо се прави и има одличен вкус