Фотографија и рецепт на Ранкос. Иако се посни, нивниот фантастичен вкус ништо не менува, не се суви, не се досадни, не содржат млеко во прав, идеални се, декоративни, брзи и од две смеси добивате четири видови колачи!
Потребни состојки за бела смеса: 300 г варен компир, 250 г шеќер во прав, 250 г маргарин и околу 300 г кокос
За смеса со чоколадо и бисквити: 350 г шеќер, 100 мл вода, 150 г ореви или лешници, 150 г бисквити по желба, 100 г чоколадо, 125 г маргарин. И уште: чоколадо, кокос, лешници…
Постапка за приготвување на смесата со кокос: сварете го компирот и изматете го со миксер. Омекнатиот маргарин изматете го со шеќерот во прав, па додајте го во изладениот компир и убаво соединете ги. Додавајте кокос и мешајте, јас потрошив 300 грама.
За бисквитната смеса:
Во тенџере ставете шеќер со вода да се свари, па додајте маргарин, па кога ќе се растопи додајте чоколадо, бисквити и ореви. Сето промешајте го додека чоколадото да се растопи.
Смесата оставете ја да излади на собна температура. Советувам оваа смеса да се приготви додека се вари компирот, бидејќи двете смеси мора да бидат на иста температура за да можат понатаму да се формираат.
ШАХ КОЛАЧ
Од белата смеса одземете 300 г и од црната смеса 300 г. Формирајте од белата смеса 2 ленти долги по 20 см и широки 1,5 см. Истото повторете го со црната смеса.
Ставете една бела плочка, па до неа црна, малку со рацете или со шпатула соединете ги од страна и одозгора. Врз црната ставете една бела плочка, а врз белата ставете црна. Убаво соединете ги и оставете во фрижидер да се стегне.
РАФАЕЛО БОМБИЦИ
Остатокот од белата смеса поделете ја на два еднакви делови. Од едниот дел правете рафаело: Формирајте топчиња, во средината ставете лешник и валкајте ги во кокос.
КОКОС ГНЕЗДА
Од втората половина на белата смеса правете топчиња кои малку ќе ги притисните одозгора со прстот или со дршка од дрвена лажица за да добиете гнездо. Растопете околу 30 грама посно чоколадо со екстракт од мента или нешто по ваш вкус и полнете ги гнездата со лажица.
КОШНИЧКИ
Од остатокот од црната смеса правете кошнички во калап или во задниот дел од цедалка за лимон.
Coolinarika.com