Фантастичен колач со бисквит од белки и крем зготвен од жолчки

Потребни состојки за бисквит:

400 г белки (околу 10 мали јајца)

Прстофат сол

Loading...

250 г шеќер

120 г растопен путер/маргарин

100 мл млеко

350 г брашно

1 прашок за печиво

1 лажица какао

1 ванилин шеќер

Крем од ванила:

3 жолчки

100 г шеќер

3 лажици брашно

300 мл млеко

1 кесичка желатин во прав со говедско потекло

150 мл хопла за шлаг

Постапка:

1.Белките измиксајте ги со сол и шеќер во цврст снег. Додадете ги останатите состојки по малку мешајќи со жица.

Плехот од рерна обложете го со хартија за печење. Од смесата оставете 4 лажици на страна за да се направат шарено тестото (за дамките). Ставете ја белата смеса во плехот и израмнете.

2.Во четирите лажици бела смеса додадете една лажица какао и промешајте да се изедначи.

3.Со лажица додавајте дамки по белото тесто. Печете на 170 степени околу 30-40 минути. Пробајте со игла дали е печено.

4.За крем: еден дел од млекото ставете го во сад и додадете шеќер, па загрејте додека да зоврие а шеќерот да се стопи. Жолчките измешајте ги со брашно и втората половина од млекото па згответе во млекото. Во изладениот крем додадете изматен шлаг.

Желатинот натопете го во 4 лажици вода па кога ќе набубри загрејте но пазете да не зоврие, па и него додадете го во кремот со мешање. Тестото поделете го на два дела.

5.Ставете го првиот дел, па размачкајте го кремот па поклопете со вториот дел. Добро изладете.

Loading...