Евтини колачи со јаболка – многу вкусни! Се прават за 5 минути, а потоа се печат и се јадат топли…Мирисот кој го шират е неодолив, многу се примамливи!
„Пријатели, мирисот и вкусот ќе ви кажат сè! Веднаш штом ќе се испечат, може да се јадат. Готови се за кратко време, едноставни, евтини и неодоливи. Хммм…“ Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 1 кесичка ванилин шеќер, 1 кесичка прашок за печиво, 70 г шеќер, 350 г брашно, 100 г путер, 3-4 јаболка од секаков вид, ситно рендана кора од лимон по желба, бадеми или други јатки…
ПОСТАПКА: Веднаш вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Рачно изматете ги двете јајца со прстофат сол, ванилин шеќер и шеќер во прав. Кога ќе се изедначи и шеќерот ќе се растопи, додајте го путерот омекнат на собна температура.
Во брашното додајте прашок за печиво и промешајте. Постепено додавате го и мешајте со лажица или шпатула додека да се изедначи. Треба да добиете густо и меко тесто со аморфна конзистентност, без грутчиња.
Јаболката излупете ги и исчистете ги од семките, па исечете ги на коцкички. Промешајте со лажица и по ѓелба додајте ситно рендана кора од лимон или портокал, малку цимет во прав, сечкани ореви, бадеми или лешници, по ваш вкус.
Во оваа смеса можете да ставите дури и малку суво грозје, брусница или друго суво овошје по ваш избор. Откако ќе се изедначи смесата подгответе го плехот во кој ќе печете и обложете го со хартија за печење.
Со лажица црпете од смесата и со друга лажица или шпатула подбутнете и обликувајте за да имаат колачињата топчеста форма (јас добив 14 колачи со големина на тениско топче). Печете ги 20 минути или додека малку да заруменат.
Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „МИНИ ШТРУДЛИЧКИ СО ЈАБОЛКА: Евтини и посни колачи кои се топат во уста„ – ОВДЕ.
МИНИ ШТРУДЛИЧКИ СО ЈАБОЛКА: Евтини и посни колачи кои се топат во уста