Може да ја наречете и „Лажна пита“, но секако е многу вкусна и брза, па и за секој џеб. Освен што едноставно се приготвува исто така, таа е толку вкусна и мека, што ќе поcaкате секој ден да си ја правите.




Питите од овој вид се секогаш најбрзото решение кога сте гладни, особено оние кои се птават без кори и кај кои нема ферментирано тесто. Токму таква е и оваа „лажна пита“ која се прави со комбинација од јајца и рендан кашкавал, но ситно сечкано младо кромитче.




Неверојатно едноставна, а готова за помалку од половина час. Во неа може да додадете и една рака спанаќ или сечкана блитва или сосем малку ситно сирење по вкус. Имајте во предвид дека смесата нема некоја преголема густина, па доколку ставите премногу од некоја состојка, таа може да „падне“ на дното. Еве што ви е потребно за оваа верзија:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 јајца, сол и црн пипер по вкус, малку суви зачински билки по ваш избор, 300 мл млеко, 50 г рендан кашкавал-чедар или по ваш избор (а може и 100 г), една пиперка или половина ако е голема (жолта, црвена или зелена), 1-2 млади кромитчиња и малку путер за намастување на тавата.




ПОСТАПКА: Во подлабок сад скршете ги јајцата, посолете ги, запиперете ги по вкус, па додајте една лажица суви билки по ваш избор (може да биде италијанска мешавина, босилек, оригано, магдонос и сл.)




Изматете со кујнска маталка додека да се изедначат јајцата. потоа додајте го млекото и уште малку изматете додека да се инкорпорира. Настрана изрендајте 50-100 г чедар или некој кашкавал по ваш избор, па додајте го во јајцата.




Промешајте со лажица или шпатула. Половина бабуреста жолта пиперка ситно исечкјате ја на коцкички (или црвена или зелена пиперка), па додајте ја во јајцата, а истото сторете го и со младите кромитчиња.




Промешајте за да се изедначат состојките. Добиената смеса излејте ја во добро намастена помала а подлабока тепсија (баш во подебел слој) со путер или маргарин.

Протресете и распоредете ги рамномерно состојките, па ставете да се пече во претхпдно загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.