Ова е многу евтина верзија на попyларниот колач „брауни“, и ако ви се чини дека не е претерано вкусен затоа што не содржи чоколадо, ќе се изненадите во спротивното. Брауни е американски колач со многу едноставна подготовка, меѓутоа спаѓа меѓу најомилените поради неговата сочност и богат вкус.




Ова е неговата евтина верзија, а еднакво вкусна. Не содржи чоколадо, ниту путер, а сè што треба да направите е да ги соедините сите состојки. Површината на овој попyларен колач е изразено сјајна благодарение на еден едноставен трик.




Количината на шеќерот не ја намалувајте, бидејќи токму таа количина е важна за да успее колачот, а кога ги матите јајцата со шеќерот потребно е тобро да ги изработите и шеќерот да се растопи. Овие едноставни постапки се заслужни за совршеноста на овој колач. Еве што е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 65 г незасладено какао во прав (најдобро е ако најдете органско), 150 г масло за готвење, 3 јајца со средна величина, 300 г шеќер, 85 г сенаменско брашно, 1 прстофат сол, 1 лажичка ванилин екстракт (или 1 кесичка ванилин шеќер)




ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете ги јајцата, прелијте ги со врела вода и оставете ги да се загреат точно 3 минути. Потоа пенасто изматете ги со миксер заедно со шеќерот. Можете и постепено да го додавате шеќерот додека непрекинато матите околу 10-20 минути. Потребно е тој целосно да се растопи и да се добие густа, светла, кремаста смеса.




Потоа додајте една лажичка ванила и еден прстофат сол, па продолжете уште малку со матењето. Во посебен сад помешајте ги какаото во прав и маслото. Добро измешајте додека да добиете мазна смеса без грутчиња, како течно чоколадо.




Смесата од какао и масло започнете постепено да ја додавате (во тенок млаз) во смесата од јајца. Изматете додека рамномерно да се изедначи. Потоа постепено додајте го брашното ако го мешате со лажица, или одеднаш ако го матите со миксер.




Добро изедначете ја смесата. Треба да добиете мазна, хомогена, густа чоколадна смеса. Калап со димензии 20х20 см (или приближно) обложете со хартија за печење и малку намастете со масло.




Излејте ја смесата, прошарајте со дрвено стапче за да се распореди и да се добие релјефна површина па печете во загреана рерна на 170 степени, 28-30 минути. Печениот колач оставете го да се олади, а потоа извадете го од калапот, отстранете ја хартијата и сечете го на коцки. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.