Слабејте здраво и паметно! Сите намирници за овој чај можете да ги набавите од Билна аптека.

Освен чаевите, потребно е да ја промените малку исхраната, односно да консумирате повеќе зеленчук и овошје, а помалку масна храна и благо.

Чаевите за слабеење се секогаш актуелни. Нема потреба да купувате чаеви за слабеење кои најчесто се многу скапи, кога најдобриот и домашен чај можете да си го направите сами.

Потребни состојки:

100 г рузмарин
100 г коприва лист
100 г глуварче корен
100 г бреза пупки и лист
100 г коњско опавче
100 г анасон семе
100 г тегавец лист

Постапка:

Сите состојки измешајте ги во една голема лимена кутија со капак.

На оган ставете да зоврие 1 литар вода. Во зовриената вода ставете 3-4 лажици од мешавината, промешајте и поклопете. После 15-20 минути процедете.

Употреба: во текот на денот треба да се испие целиот чај, рамномерно распореден, половина час пред оброк.

Половина час после секој оброк треба да се испие шолја топол зелен чај (подолу прочитајте како се приготвува).

Во текот на денот треба да испиете и барем една шолја чај од коприва.

 Една до две мали лажички сушени ливчиња од коприва прелијте ги со 250 мл врела вода. 

Оставете да отстои 10-тина минути, па процедете. Ова е доволно за една шолја чај.

Освен што ќе слабеете, вашето тело ќе доживее и целосно „препородување” поради регенеративните својства на копривата.

 Со копривата ќе го намалите крвниот притисок, ќе ги исчистите крвните садови од холестерол, но и ќе го забрзате метаболизмот.

Неизбежен чај кога веќе зборуваме за слабеење е и зелениот чај. Зелениот чај помага за да се ослободите од вишокот килограми доколку редовно го консумирате.

 Зелениот чај е природен антиоксиданс кој го регулира варењето, ги топи масните наслаги и го буди организмот.

Употреба – како се дозира:

Употреба: Зелениот чај вообичаено се зема во дози од 300 до 400 mg полифеноли (активна супстанца во зелениот чај) дневно. Една шолја од овој чај содржи 50 до 100 mg полифеноли.

При приготвување на зелен чај особено треба да внимавате на водата со која ја преливате кесичката или правот. Таа не смее да биде зовриена зошто чајот ќе ви горчи. Тргнете ја водата пред да зоврие, или ако веќе зоврела “пресечете” ја со малку ладна вода.

Совет плус: Ако решите да слабеете со помош на чаеви, задолжително регулирајте ја и исхраната. Не може да очекувате да се случи чудо ако и самите не помогнете да се случи чудото.

Пиењето на големо количество чај бара намалување или комплетно исфрлање на кафето. Чајот содржи кофеин, па уште и ако пиете кафе, вашето тело ќе доживее шок.