Еве зошто нашите баби го собирале нектарот од винова лоза

Оние кои во својата градина имаат винова лоза, сигурно забележале дека кога ќе се засече стеблото од него започнува да капе бистра течност. Дознајте зошто е добро да се собере овој „нектар“.

Оваа постапка обично се спроведува во пролет, но може да се повтори и во текот на годината. Треба да го засечете стеблото од лозата и да ја соберете течноста за нега на косата. За што точно станува збор?

Овој совет го имаме наследено од нашите баби. Течноста добиена од стеблото на винова лоза е одлична доколку имате проблем со косата – многу оштетена, безживотна, сува или хемиски третирана коса, како и против опаѓање на косата.

Потребно е само да го засечете стеблото и да поставите стаклен сад, па да почекате да се наполни. Течноста е без мирис и речиси без боја (или малку жолтеникава), а најдобро е да се користи свежа и тоа така што ќе ја триете во темето и косата, па да оставите некое време да делува. Се повторува двапати дневно.

Според некои тврдења од овој „нектар“ косата расте побрзо, поздрава е, се подмладува и се заштитува од отпаѓање. Пожелно е постапката да се повторува 10 дена по ред.

Старите луѓе тврдат дека оваа течност е одлична за отстранување на лишаи (за само неколку дена исчезнуваат), против псоријаза, за нега на кожата но и против првут.

Сокот од стеблото на винова лоза е добар и за лекување на уморни, воспалени и отечени очи. Чувајте го во стаклени шишенца, па трипати дневно (наутро, напладне и навечер) ставајте облози со овој сок.

Претходна статијаСмирете ја кашлицата на вашето дете за една ноќ со помош на оваа медена облога. РЕЦЕПТ
Следна статијаСо овој ТРИК многу побрзо ќе ви порасне тестото