Зелката симболизира бериќет, пари и благосостојба, а истовремено е симбол на тврдоглавост.
Зелката(Brassica oleracea) се користи во исхраната уште од праисторијата и се смета за една од најстарите намирници. Се одгледува од многу одамна а за неа пишувале и старите антички писатели. Предокот на зелката не е познат со сигурност, но се претпоставува дека настанал од една од осум диви видови кои растеле на северната обала од Средоземјето, на бреговите на јужна Англија, Данска и јужна Франција, а ориенталните видови зелка се проширени низ целиот Балкан.
Римјаните многу ја ценела зелката па така писателот Катон препорачувал консумација на сирова зелка пред јадење за да се намали влијанието на алкохолот и подобрување на дигестијата. Римјаните исто така, верувале дека зелката ја спречува меланхолијата, а ја користеле и како облога за рани и различни повреди. Зелката симболизира пари, бериќет и благосостојба, а истовремено е симбол и на тврдоглавоста.
Бројни се народните верувања во магичната моќ на зелката: Еве некои:
Ако сакате да дознаете за кого ќе се венчате, врзете си ги очите и некој нека ве однесе во градина со зелки. Таму, одберете една зелка без гледање и искорнете ја, па проверете ги корењата. Ако се рамни, ќе се омажите за згоден маж, а ако се грбави, мажот ќе ви биде грд. Истото важи и за мажот, каква жена ќе одбере.
Важно е исто така на коренот да има многу земја, бидејќи колку повеќе земја има, мажот ќе ви биде побогат.
Ако засадената зелка не се претвори во главица туку веднаш во семе, тоа е знак за смрт во семејството.
А за да ви почне добро годината, да ви биде среќна и бериќетна, на први јануари од новата година потребно е да се јаде само зелка, бидејќи таа наводно има магична моќ и го гарантира добриот почеток на годината.