Кога се мислите што да направите за појадок или вечера, а не сакате да се повторувате со јадењата често што ги подготвувате, ова е решение за вас. Кај мене, децата и сопругот го обожаваат ова јадење, кое многу потсетува на француски тост.




Наместо да ги пржите кришките, вие ги ставате на печење и појадокот е готов за 15 минути. Со овие лепчиња ќе си го наполните стомакот и нема ништо да ви се јаде до ручек. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 300 г сирење (фета), 30 мл масло, 200 мл јогурт, 1/2 кесичка прашок за печиво, леб, шунка, кашкавал и масло за подмачкување.




ПОСТАПКА: Скршете ги јајцата во еден сад и убаво изматете ги додека да станат пенасти. Пред да го додадете сирењето кое ќе го користите, пробајте го за да знаете колку ќе биде солено јадењето.




Ако користите фета сирење, во тој случај може да додадете малку сол по вкус, но ако користите кравјо или овчо, добро е познато дека тие се многу солени така што нема да има потреба од дополнително додавање на сол.




Сирењето издробете го или испасирајте го со виљушка пред да го додадете во јајцата. Убаво измешајте, а потоа додајте го маслото заедно со прашокот за печиво. Соединете во фина и еднолична смеса, а потоа постепено започнете да го додавате јогуртот.




После јогуртот, смесата ќе стане убаво и еднолична. Земете еден огноотпорен сад и премачкајте го со масло. Потоа со кришки леб (бриош) спуштајте ги во смесата од јајца и редете ги во садот за печење.




Лепчињата треба да бидат наквасени од двете страни, исто како да пржите лепчиња. Врз лепчињата кои ги наместивте во садот наредете по една шунка и еден кашкавал, а потоа одозгора затворете со уште еден слој подмачкани лепчиња.




Останатата смеса прелијте ја врз целата тава, а потоа наросете малку оригано (по вкус). Печете во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 15 минути. Деталите можете да ги погледнете ОВДЕ.