Хипотиреоидизам е состојба во која тироидната жлезда не произведува доволно тироидни хормони, кои го регулираат користењето на енергија.
Симтомите на хипотиреоидизам обично се појавуваат постепено во текот на неколку месеци и години. Симтомите и знаците вклучуваат:
-Тенко и кршливо влакно на косата
-Сува кожа
-Кршливи нокти
-Жолтеникава нијанса на кожата
-Забавено движење на телото
-Студенило на кожата
-Замор, изнемоштеност
-Проблеми со меморија, депресија и концентрација
-Запек
-Нередовни и долги менструални циклуси
-Зголемување на тежината
-Подуеност на рацете, нозете и лицето, особено околу очите
-Засипнатост
-Болки во мускулите и грчеви
Симтомите можат да бидат благи и да траат со години незабележано. Тие се поврзани со возраста а со стареењето тие се повидливи. Можна е појава и на гушавост.
Симптомите на хипотироидизам за време и по бременост вклучуваат: замор, губење на тежина, вртоглавица, депресија и проблеми со концентрацијата. Кај постарите луѓе, симптомите можат да бидат помешани со Алцхајмерова болест и деменција.
Иако ретко, хипотироидизам може да се појави и кај доенчиња, деца и тинејџери.
Симптомите кај доенчињата вклучуваат слаб апетит, давење со храна, сува и лушпеста кожа. Кај тинејџерите може да се појави одложен пубертет, покачена тежина и депресија.
ДОМАШНО ЛЕКУВАЊЕ И ИСХРАНА:
Ако имате хипотиреодизам, посетувајте го вашиот лекар најмалку еднаш годишно, за да може континуирано да се следи вашата состојба. Примајте ја хормонската терапија правилно.
Разговарајте со вашиот лекар за да ја разберете причината и индикациите на лековите кои ќе ви ги препорача. Треба да правите редовни крвни анализи за точно утврдување на хормонската терапија.
Децата со хипотироидизам исто така треба редовно да го посетуваат лекарот, зошто количината на хормоните кои треба да ги примаат во терапијата се менува со текот на нивното растење. Лекувањето на помалите деца и доенчињата може да има тешки последици по нивното ментално здравје.
Штом сметате дека вашето дете е спремно да ја разбере болеста(обично на 9-10 годишна возраст) информирајте го за важноста од правилно и навремено земање на лековите.
Постојат продавници за здрава храна каде можете да најдате природен извор на хормони за здравјето на тироидеата. Сепак мора да се информирате за квалитетот и ефикасноста на овие природни агенси и активни супстанци.
Треба да се има во предвид дека одредени суплементи може да го намалат дејството на хормоналната терапија.
Такви се калциумот и железото кои се препорачува да ги земате најмалку 4 часа пред хормоналната терапија. Исто така, мора да разговарате со вашиот лекар доколку земате апчиња за контрацепција, или друга хормонална терапија.
Храна
Гоитрогени се супстанции кои се состојки во одреден вид храна, а предизвикуваат зголемување на тироидната жлезда и појава на гушавост.
Оваа храна обично се користи за забавување на функцијата на тироидеата и може да предизвика хипотироидизам.
Во оваа храна спаѓаат: мешункаст зеленчук, брокула, карфиол, кељ, зелка и соја. Ако имате хипотироидеа најдобро е да ја одбегнувате оваа храна, или термички да ја подготвувате за да се изгубат поголемиот дел од ензимите и активните состојки.
Може да слушнете дека кокосовото масло е добро за тироидеата, но мора да бидете внимателни и да го користите само како замена за другите масла.
Сојата, а посебно нејзините ферментирани форми, може да делува како гоитроген, односно да ги инхибира хормоните на тироидната жлезда.
Кафето може да го намали дејството на лековите и затоа треба да го пиете најмалку еден час пред и после примањето на терапијата. Одбегнувајте сокови и џусеви збогатени со калциум најмалку 3-4 часа пред и после примањето терапија.
Јодизираната сол користете ја умерено, зошто премалку или премногу јод може да ја поремети функцијата на тироидеата. Внесувајте храна богата со растителни влакна, зошто многу од заболените се борат со запекот и имаат проблеми со перисталтиката. Пиењето вода е многу важно кај пациентите со хипотироидизам, зошто со водата се подобрува метаболизмот.