Енергија во секој залак…Ролат на здравјето за 10 минути…
„Здравјето е богатство што не се купува, туку се негува“, велат мудрите, а овој рецепт е токму доказ за тоа.
Дали знаевте дека лененото семе содржи повеќе омега-3 масни киселини од рибата? Или дека сувите смокви биле омилен десерт на Клеопатра?
Овој ролат без печење, шеќер и брашно е вистинска ризница на вкусови и хранливи состојки, спојувајќи ја едноставноста со уживањето, пишува НМД.
Подгответе го за само 10 минути и уживајте во здрава енергија што ќе ве држи свежи цел ден! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
– 30 г ленено семе
– 50 г семки од сончоглед (непечени)
– 100 г ореви
– 150 г суви смокви (натопени 10 минути во млака вода)
– 150 г суви сливи
– 100 г суво грозје (или брусница)
– 100 г овесни снегулки
– 25 г сусам
ПОСТАПКАТА детално опишана преку фотографии можете да ја прочитате ОВДЕ:
1. Во нелеплива тава на умерен оган кратко пропржете го лененото семе и семките од сончоглед со постојано мешање додека не замирисаат и малку заруменат. Оставете ги да се оладат.
2. На даска или во блендер ситно исечкајте ги оревите, внимавајќи да не станат премногу мелени. Префрлете ги во подлабок сад.
3. Исечкајте ги натопените суви смокви (без дршки) и сувите сливи, па заедно со сувото грозје (по желба натопено во вода или сок) изблендирајте ги во густа, леплива смеса.
4. Во садот со ореви додајте ја овошната смеса, потоа изладените семки и овесните снегулки. Со раце добро измесете додека сè не се соедини.
5. На најлонска фолија формирајте ја смесата во ваљак, завиткајте ја и оставете ја во фрижидер неколку часа да се стегне.
6. Извадете го ролатот, извалкајте го во сусам, исечете го на парчиња и уживајте!
Овој ролат е совршен за брз појадок, ужина или десерт – здравје и вкус во едно! Делаите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ:
https://www.youtube.com/watch?v=mwhgRSvRG5s