Домашен напиток кој го регулира високиот крвен притисок…ги чисти крвните садови и го лекува срцето…Фото и рецепт: Дијана Поповиќ

ДИЈАНА: „Кога ќе прочитаме дека некој природен лек содржи лук, веднаш го прескокнуваме, зашто не сакаме да „смрдиме” и сите да бегаат од нас. Но, со овој напиток не е така, а вкусот потсетува на сок од цитрон.

Многу е здрав, не само за лицата кои имаат проблем со кардиоваскуарниот систем, туку и за сите останати кои сакаат да го одржуваат своето здравје.“ Еве што ви е потребно да го подготвите овој напиток според рецептот на Дијана:

Потребни состојки:

30 чешниња лук (да не е кинеcки!)
5 лимони
1 литар вода
2 лажици оцет или 1 кесичка сода бикарбона

Постапка:

Лимоните добро измијте ги со ладна вода, а потоа ставете ги во раствор од вода и оцет или сода бикарбона, за да се извлече евентуалната нечистотија од кората. Потоа само убаво исплакнете ги уште еднаш под млаз ладна вода.

Потоа лимонот исечкајте го заедно со кората, додајте ги и лукчињата и водата, па ставете на оган да зоврие. Штом зоврие по 2 минути исклучете го огнот и оставете смесата да излади.

Колку можете повеќе изгмечете ги лимонот и лукот, па убаво процедете низ цедалка и добиената течност складирајте ја во стаклено шише.

Се добива точно 1 литар напиток кој треба да се чува во фрижидер. Се пие по мала ракиена чашка пред јадење, еднаш дневно, а најдобро наутро.

Вкусот и изгледот потсетуваат на сок од цитрон. Терапијата трае три седмици, односно 21 ден. Најмногу се препорачува за лица со висок крвен притисок.

Доколку веќе имате препишано терапија со медикаменти, треба претходно да се консултирате со својот лекар и да не го консумирате овој еликсир истовремено со лекот.