ЕКЛЕР ТОРТА: После 2 дена ми се чини дека е највкусна, повеќе ми се допаѓа од малите еклерчиња

Со некои рецепти за торти и колачи едноставно не можете да погрешите бидејќи се безвременски. Меѓу првите места во оваа група припаѓа еклер тортата која е многу сочна. Ако досега не сте ја пробале, мора да си ја направите.

Рецептот го добивме од нашата драга членка Анета Ане. Таа вели дека колачот е најубав после ден-два кога малку ќе отстои. Но, изгледа толку многу вкусен што не се знае дали некој би можел да одолее толку долго време. Еве што ви е потребно:

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 4 јајца, 2 шолји шеќер, 1/2 шолја масло, 2 шолји брашно, 1 кесичка прашок за печиво. ЗА ФИЛ: 1 литар млеко, 2 пудинзи од ванила (може и 3 пудинзи за поцврст крем), 12 лажици шеќер, 40-50 г маргарин/путер. ЗА ГЛАЗУРА: 200 мл слатка павлака, 200 г чоколадо за готвење. Фото и рецепт на Анета Ане.

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ДВЕ КОРИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 4 шолји вода, 2 шолји масло, 1 мал прстофат сол, 4 шолји брашно, 1/2 лажичка прашок за печиво, 6 јајца за изладеното тесто. ЗА ФИЛ: 600 мл млеко, 3 пудинзи од ванила, 8 лажици шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 250 г путер/маргарин, 150 г шлаг крем, 10-15 крем банани и 100 г чоколадо.




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Јајцата и шеќерот изметет ги пенасто во еден подлабок сад, со постепено зголемување на брзината на миксерот. Откако ќе се стопи шеќерот постепено се излева маслото, па се додава брашното и кесичката со прашок за печиво. По додавање на брашното и прашокот за печиво, целата смеса се соединува со шпатула, за да не спласне од брашното.




Излејте ја во правоаголен калао, обложен со хартија за печење и печете во претходно загреана рерна на 200 степени. Во меѓувреме се подготвува филот на следниов начин: се варат пудинзите со млекото и шеќерот (по упатството на кесичката) додека да се згусне и да се добие потребната конзистентност и на крај се додава маграринот да се стопи додека пудингот е топол.

ПРВ РЕЦЕПТ




Филот се излева врз испечената и оладена кора и се остава убаво да се стегне. Слатката павлака се загрева, а настрана се сечка ситно чоколадото и се додава во  слатката павлака. Потоа се меша додека убаво да се стопи чоколадото и на крајот се прелива врз колачот и се остава убаво да се стегне пред да се исече и да се послужи.

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Во поголем сад налеваме 4 шолји вода, 2 шолји масло и мал прстофат сол. Ставаме на оган да зоврие а во меѓувреме измерете 4 шолји брашно во кое ќе додадете прашок за печиво колку на врв од лажичката (половина лажичка). Кога ќе зоврие течноста тргнете ја настрана и постепено со постојано мешање додајте го брашното.

ВТОР РЕЦЕПТ




Намалете го огнот на средна температура и вратете го садот за да се довари, додека да се формира како топка и да се одвојува од ѕидовите на садот. Цело време го мешате. Свареното тесто префрлете го во пластичен сад за побрзо и полесно да излади, но повремено промешувајте го за да не фати коричка. Додека се лади тестото го приготвуваме филот:




ЗА ФИЛ: Од 600 мл млеко одвојуваме малку за да го размешаме пудингот, а остатокот го ставаме на оган со 2 ванилин шеќери и 8 лажици шеќер. Кога ќе зоврие млекото се вари пудингот и се префрла во друг сад за побрзо да излади, па исто како тестото се промешува повремено за да не фати коричка или покријте со проѕирна фолија.

Во изладеното тесто додаваме едно по едно вкупно 6 јајца додека цело време матиме со миксер со спирални продолжетоци. Смесата ја полниме во кеса со модла за тулумби и ја истиснуваме во плех обложен со хартија, во вертикални линии една покрај друга (или кружници за тркалезен калап), а потоа со лажица ги спојуваме празнините и израмнуваме за да добиеме рамна кора.




Кората се пече околу 15-тина минути во загреана рерна на 200 степени и за цело време не смее да се отвора рерната. Постапката се повторува уште еднаш за втората кора. Во изладениот пудинг постепено се додава пенасто изматениот путер со постојано миксање додека да се спојат и на крај додаваме 2-3 полни лажици шлаг кој претходно сме го изматиле.

Во кремот додајте сечкани крем банани или свежи банани по избор. Редење: кора – фил – кора. Одозгора можете да премачкате со малку тенок слој фил и да прелиете со топено чоколадо или едноставно наросете шеќер во прав. Постапката за вториот рецепт погледнете ја во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаОвој ручек изгледа многу примамливо и ветува предобaр вкус: Економично јадење со ориз и месо, на поразличен начин
Следна статијаТОРТА СО КАФЕ И БАДЕМИ: За два дена ја направив повторно, овојпат со ореви – многу вкусна