Сопствениците на мали парцели секогаш мака мачат: Како на помало парче земја да посадат различен зеленчук и овошје, а да имаат добар принос.
За среќа, постојат различни трикови кои овозможуваат заштеда на простор за одгледување на зеленчук.
Па така, во едно буре можете да одгледувате толку краставици, колку на површина од должина со 3 метри, со многу помалку обврски, а притоа ќе го заштитите плодот од различни болести.
Постои уште еден карактеристичен момент – одгледувањето на такви краставици е вистинско задоволство.
Како се одгледуваат краставици во буре:
На сончева страна од вашата парцела ставете едно или неколку буриња. На дното од бурето ставете органско ѓубриво: листови, трева, слама, корења, кори од банана и друго овошје и зеленчук, гранки или коров.
Исто така, користете и ѓубриво. Наполнете го бурето. Во мај дополнете го бурето со земја, со дебелина од околу 10-15 см.
Полијте и веднаш засадете ги семките од краставица. На едно буре ќе ви бидат потребни околу 8-10 семки. Засадете ги на растојание од 12 до 15 см.
За да ја сочувате потребната топлина која му е потребна на семето, прекријте го бурето со најлон, најдобро црн, бидејќи црното повеќе привлекува топлина. Или користете празни пластични шишиња, претходно исечени.
Расадот ќе расте како квасец ако му обезбедите оптимална микроклима со помош на помал сад со вода на средината од бурето, кој ќе го полните со вода по потреба.
Некаде во средината на јуни, кога времето е топло, најлонот можете да ги отстраните. Краставиците ќе почнат да растат и да се обвиткуваат околу бурето. За да не им наштети ветрот, можете да ги подврзете гранчињата околу бурето со тенок коноп.
Негата на краставиците е минимална. Треба да се полеваат со 5-7 литри вода еднаш на секои 3-4 денови, ако нема дожд.
Од едно буре можете да добиете ист принос како од три реда во градината.