ЕДНОСТИ ЧОКОЛАДНИ КОЛАЧИЊА: Брзо се готови, а многу „излегуваат“. За подготовка и печење на овие колачиња потребни ви се само половина час. Имаат одличен вкус, ги сакаат децата, но и ние возрасните. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Рецепт 1:
– 200 г брашно
– 85 г путер
– 75 г шеќер
– 1 кесичка ванилин шеќер
– 1 јајце
– 1/2 лажичка прашок за пециво
– 160 г сечкано чоколадо

рецепт 1

Рецепт 2 (со видео):
– 125 г путер/маргарин
– 100 г шеќер (1/2 чаша од 200 мл)
– 1 кесичка ванилин шеќер
– 200 г брашно (1.5 чаша од 200 мл)
– 1/2 кесичка прашок за печиво (6 г)
– 1 прстофат сол
– 100 г чоколадо за готвење
– 50 г сечкани ореви или лешници по желба

рецепт 2

ПОСТАПКА (рецепт 1):

Пенасто изматете го путерот или маргаринот со шеќер и ванилин шеќер. Додајте го јајцето и добро измешајте.

Потоа додајте го брашното што сте го измешале со прашокот за печиво. Мешајте сè убаво да се соедини. Додајте го исечканото чоколадо, но измешајте го со лажица.

Со раце формирајте топчиња со големина на орев и ставете ги на плех обложен со хартија за печење. Ставете ги топчињата на одредено растојание. Се печат во загреана рерна на 200 степени додека малку да заруменат, приближно 15 минути.

Послужете ги топли или ладни по желба, но сигурно брзо ќе исчезнат. Од смесата добивате 30 бисквити.

Јас користев чоколадо за готвење, можете да го замените со вашето омилено чоколадо, на пример со чоколадо што содржи лешници, млеко или што сакате. Подготовката за вториот рецепт можете да го погледнете во видеото ОВДЕ.