Home Рецепти Едноставно, а превкусно – ШТАЕРСКА ТОРТА со јајца, млеко и само 3...

Едноставно, а превкусно – ШТАЕРСКА ТОРТА со јајца, млеко и само 3 лажици брашно, се топи во уста

Рецепт и видео прилог на Том Филос – Штаерска торта.

Она што е специфично за оваа торта и по што е препознатлива, е употребата на само неколку состојки, природни, без додавање на вештачки вкусови и ароми. А крајниот резултат е кремаст и многу вкусен колач кој се топи во уста.

Потребни состојки:

4 јајца
1 прстофат сол
3 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
3 лажици шеќер во прав
3 лажици брашно
200 мл кисела павлака
250 г шлаг или слатка павлака
250 мл ладно млеко
калап 24 см
малку путер за намастување на калапот

Постапка:

Одвојте ги белките од жолчките, па со прстофат сол пенасто изматете ги. Потоа додадете ванилин шеќер и 3 лажици обичен шеќер, па матете додека да добиете цврст и сјаен снег.

Во посебен сад пенасто изматете ги жолчките со 3 лажици шеќер во прав. Кога ќе побелат и станат кремасти, започнете наизменично да додавате 3 лажици брашно и 200 мл кисела павлака.

Изматете добро додека да се изедначат состојките. Потоа додадете го снегот од белки и внимателно со шпатула промешајте за да остане смесата воздушеста. Калапот со димензија 24 см убаво намастете го со путер, па во него истресете ја смесата и убаво рамномерно израмнете.

<

Ставете да се пече во загреана рерна на 150 степени, 45 минути. Печениот колач оставете го да излади. На крај изматете го шлагот (250 г) со 250 мл ладно млеко и декорирајте ја тортата. По желба изладете ја пред послужување. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: