Едноставен ручек на брз начин …. запечен компир ама предобар!

Потребни состојки:

1 кг компир

100 г путер

30 г брашно

3 јајца

100 г кашкавал

200 г кисело млеко

Црн пипер и сол по вкус

Постапка:

Измијте го компирот и сварете го во солена вода. Кога ќе излади излупете го и изрендајте го на крупно. Посолете и распоредете го на намастен и набрашнет плех.

Јајцата добро пенасто изматете ги, па додадете го растопениот путер. Додадете и брашно и црн пипер. Внимателно промешајте и прелијте го компирот.

Наросете со рендан кашкавал, па печете на 180 степени 30 минути. При послужување додадете лажица кисело млеко и како додаток сервирајте сезонска салата.

Претходна статијаХерпесот е заспан џин кој може да се разбуди во било кој миг – со едни намирници го храните, а со други го поништувате
Следна статијаПРАСКИ: уживајте во изгледот а и во вкусот – се топат во уста!