Овој навистина многу вкусен крем се приготвува од млеко и путер, а шеќер се додава по вкус. Рецептот ни доаѓа од Русинката Олга Маљута која ни откри како од овие две состојки може да се добие прекрасен, нежен, свиленкаст крем кој совршено одговара со секој колач.




Не може да се замисли вкусна торта без сладок и нежен крем. особено, доколку сте љубител на кремастите слоеви кои се наоѓаат помеѓу пандишпаните и бисквитите, а не ги сакате купечките инстант-кремови, тогаш ви го предлагаме овој рецепт на Олга, за кој веруваме дека ќе ви се допадне.




Кремастиот млечен крем ќе ве освои веднаш, после првата лажица. Од овој крем се добива бујна свиленкаста маса која самостојно може да послужи како десерт, а може да се користи и како фил за еклери, роденденски торти, принцес крофни и слично…




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г путер 72 %, 200 мл пресно млеко со ниска масланост 2%, шеќер во прав по вкус. ПОСТАПКА: За да го приготвите кремот, ќе ви ви биде потребно млеко со ниска масленост од 2% и путер со висока масленост од 72%.




Двете состојки ставете ги во тенџере, па вклучете ја ринглата на умерена до ниска температура. Потребно е да се растопи путерот, но смесата не смее да загори. затоа, промешувајте повремено и набљудувајте ја смесата.




Топлата-млака смеса со растопен путер излејте ја во висок блендер и миксајте 5-10 минути, во зависност од моќноста на уредот.




Потоа, хомогената смеса префрлете ја во во стаклена тегла или во некој друг сад со капак, па оставете ја во фрижидер да се одмори 6 часа.




Потоа едноставно извадете ја смесата во некој подлабок сад за матење и со помош на електричен миксер изматете ја додека да добиете густина на шлаг. Додека матите постепено додавајте шеќер во прав до посакуваната слаткост.




Ќе добиете еден куп превкусен крем кој е совршен за еклери. Но, како што напоменав погоре, можете да го послужите самостојно, во десертна чаша со овошен или чоколаден прелив и некој јаткасти плодови и бобесто овошје – Олга.







Фото и рецепт: Андреа А.М.Стојадиновиќ