Home посни колачи Едноставен посен колач…Сигурно ваков не сте подготвиле досега…

Едноставен посен колач…Сигурно ваков не сте подготвиле досега…

Едноставен посен колач…Сигурно ваков не сте подготвиле досега…Добар ден драги мои. Имав добра намера да ви презентирам брз и едноставен посен колач.

Период на пости е и треба нешто да се засладиме. Добро би ни дошол некој колач за секој ден кој не е толку скап и не бара многу труд. Го прочитав рецептот во списание и решив да го подготвам.

Проблемот беше во печењето. Според рецептот требаше да се испече во калап за куглоф и тука се соочив со проблем, зашто предолго траеше.

Го печев 50 минути на 200 степени, а потоа го извадив од калапот и го печев уште 15 минути на 180 степени, зашто не беше убаво испечен. Ова не е прикажано во видеото. Колачот е исклучително вкусен.

После толку печење, сепак имавме одличен колач за сладење…Ако не сакате да го печете како мене, во куглоф, тогаш печете го во обичен калап. И се надевам дека ќе бидете задоволни од вкусната торта.

Мерката е чаша од 180 мл (може да биде 200 мл или 250 мл). Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 чаша вода (може и газирана)
1 чаша шеќер
1/2 чаша масло
сок од половина лимон
2,5 чаши брашно
10 г прашок за печиво
100 г крупно мелени ореви
150 г вишни (јас користев вишни од ликер т.е. рум)
шеќер во прав за посипување

ПОСТАПКА:

Растворете го шеќерот во водата, па додајте масло и лимонов сок. Потоа додајте го просеаното брашно помешано со прашок за печиво и изедначете да нема грутчиња. На крај сипете ги оревите и вишните.

Смесата сипете ја во соодветен калап намастен и набрашнет (или обложен со хартија) и печете во загреана рерна на 180-200 степени додека при проверката со чепкалка да излезе сува.

По желба колачот посипете го со шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ: