Една од најдобрите, диета со јајца – за 5 дена ќе бидете ФИТ

Придржувајте се до препорачаното мени, одбегнувајте ги висококалоричните-празнични специјалитети, па за само пет дена ќе ослабете три килограми.

Ако имате проблеми со холестерол, не ја започнувајте диетата без консултација на лекар.

Јајцата имаат многу предности. Тие содржат многу протеини, многу се хранливи, лесно сварливи, обезбедуваат чувство на ситост,и немаат многу масти и калории. Поради сите овие предности, јајцата се идеални за диета.

Ова е петдневна диета која се базира на јајца и со чија помош ќе ослабете 3 килограми.

За да постигнете подобри резултати, во исхраната додадете и цимет бидејќи овој зачин го стимулира согорувањето на мастите и го забрзува метаболизмот на јаглените хидрати.

Прв ден

Не заборавајте да користите интегрален леб, но во точно определени количини

ПОЈАДОК: лажичка мед со малку цимет, кајгана од две јајца, 2 интегрални бисквити или двопек, чаша јогурт.

Ручек: две варени јајца, 2 интегрални бисквити/двопек, портокал, јаболко или круша.

Вечера: зелена салата со домати и туна, половина интегрална кифла, една чаша чај без шеќер со лажичка цимет.

Втор ден

ПОЈАДОК: лажичка мед со малку цимет, две варени јајца, 2 интегрални бисквити/двопек, јогурт со низок процент на масти

Ручек: чинија супа со зеленчук, варено јајце, голема чинија со мешана сезонска салата

Вечера: 150 г динстано мелено месо, интегрален тост, салата со домати и краставици

ТРЕТ ДЕН

Појадок: пржена кајгана од две јајца, 2 интегрални бисквити/двопек, портокал, круша или јаболко

Ручек: 150 г свежа урда или сирење моцарела, варено јајце, домати, половина интегрална кифла

Вечера: намаз од 100 г мелено бело пилешко месо и „лајт мајонез“, 2 интегрални бисквити/двопек, шолја чај без шеќер со лажичка цимет​

ЧЕТВРТИ ДЕН

ПОЈАДОК: лажичка мед со цимет, две варени јајца, портокал, кисело млеко со помал процент на масти

Ручек: 200 г варено месо, половина интегрална кифла, мешана салата, јаболко

Вечера: 150 г мелено месо динстано, два домати, интегрален тост

Петти ден

Појадок: пржена кајгана од две јајца, два домати, интегрален тост, шолја чај без шеќер со лажичка цимет

Ручек: филе од ослиќ или туна, половина интегрална кифла, зелена салата, јаболко

Вечера: 500 г варен зеленчук (морков, грашок или компири), варено јајце, домати

Loading...