Една чаша овесни снегулки и 2 јаболка! Овие колачиња често ги правам за појадок…Вкусни и крцкави, сите ги обожаваат…
Ако барате вкусни и здрави закуски во кои можете да уживате без грижа на совест, тогаш овој рецепт е вистинскиот за вас!
Со само неколку едноставни состојки и лесна подготовка, можете да создадете вкусни залчиња од јаболка и овес кои се одлични за вашето здравје! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 чаша овесна каша
50 г ореви
2 јаболка
60 мл вода
1 лажичка екстракт од ванила (по вкус)
1 лажица сируп од агава или мед (по вкус)
ПОСТАПКА:
Овесните снегулки сомелете ги, а оревите исечкајте ги. Едното јаболко сомелете го во блендер со вода за да добиете фина каша, а другото јаболко исечкјате го на ситни коцкички.
Во подлабок сад измешајте ги сите состојки, зачинете со ванила (може и цимет) по вкус, па засладете со агаве или јаворов сируп, а може да користите и мед или нешто по ваш вкус.
Добро промешајте за да се изедначат состојките. Потоа црпете со лажица и формирајте ги колачињата врз плех обложен со хартија за печење.
Загрејте ја рерната на 200ºC и печете ги колачите со јаболка околу 30 минути додека да станат златно кафеави. Додека се печат вашата кујна ќе се исполни со прекрасна арома.
Печените колачи оставете ги да се подизладат, а потоа можете да се сладите во нив. Постапката погледнете ја ОВДЕ.