Home Рецепти Еден од најбрзите колачи со биксвити и малини (или јагоди) – постојано...

Еден од најбрзите колачи со биксвити и малини (или јагоди) – постојано ќе го правите штом еднаш го пробате

Ова е еден од најбрзите колачи што постојат. Состојките ,верувам, секое домаќинство ги има, а овошјето може да го менувате по желба. Може да ставате праски, кајсии, секое црвено овошје, било кое… да не ги набројувам сите.

Потребни состојки:

1 литар млеко
3 пудинзи од ванила (секој од по 40 г)
10 лажици шеќер
200 г путер или маргарин
400 г бисквити
400 г овошје по избор (во овој колач се јагоди)
шлаг или слатка павлака за украсување одозгора

Постапка:

Измешајте ги пудинзите и шеќерот со 200 мл ладно млеко.

Остатокот од млекото ставете го на оган да зоврие, а потоа сварете го со разматениот пудинг. Мешајте постојано додека смесата да се згусне.

Сварениот пудинг тргнете го од оган и додадете го исечканиот путер, па мешајте додека да се растопи и целосно да се соедини со пудингот.

Потоа додадете 300 г ситно искршени бисквити, измешајте, па потоа додадете го исечканоо овошје.

Убаво со лесни движења промешајте со лажица за да се распоредат состојките.

<

Плех со средна величина обложете го со проѕирна фолија или кеса, па во него распоредете ја смесата. Израмнете. Преку целата површина наредете ги преостанатите 100 г бисквити, претходно малку натопени во млеко. Притиснете полека со дланката за да се залепат.

Колачот оставете го во фрижидер да се излади и убаво да се стегне (прво на собна температура, а потоа во фрижидер).

Откако ќе излади колачот превртете го врз тацна за послужување, а одозгора украсете со изматен шалг или слатка павлака. Сечете и послужете. Уживајте во вкусот.