Сигурно сте слушнале за „варени ѓевреци“ или „баварски кифли“, односно за тесто кое се вари во вода, а потоа се пече. Слична постапка се применува и во овој рецепт, но овојпат добивате леб кој освен што е многу вкусен и мирисен, исто така е најубавиот што ќе го пробате.

рецепт 1




Освен овој рецепт ќе ви откријам уште еден, за леб кој се приготвува од варена палента, а кој да бидам искрена, го сакам дури и повеќе од првиот рецепт. На двата начина добивате прекрасен леб каков што никаде не можете да го купите. Па, според изборот на состојките и времето со кое располаготе, одберете еден, но моја препорака е да ги испробате и двата, нема да се покаете. Еве што ви е потребно:

рецепт 2




РЕЦЕПТ 1 (варени лепчиња) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1.5 чаша млако млеко, 2 супени лажици шеќер, 1 мала лажичка сол, 2 мали лажички (1 кесичка од 10 г) сув квасец, 5 чаши брашно или по потреба, 2 супени лажици масло

рецепт 1

РЕЦЕПТ 2 (душа леб со варена палента) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 50 г палента, 300 мл вода, 15 г свеж квасец, 1 лажичка мед, 225 г брашно, 25 г путер, 1 лажичка сол

рецепт 2




ПОСТАПКА за рецепт 1: Во еден подлабок сад измешајте го топлото млеко со шеќерот и квасецот, а потоа започнете постепено да го додавате брашното помешано со една лажичка сол. Брашното додавајте го на неколку наврати и мешајте со лажица додека да се впие во течноста.




Кога ќе добиете комапктно тесто замесете го со рака неколку минути и обликувајте топка. Покријте го садот со проѕирна-стреч фолија и оставете го во топла просторија да стасува еден час. Кога убаво ќе ферментира и ќе го удвои волуменот, премесете го кратко со две супени лажици масло.




Тестото истресете го на работна површина, топката тесто поделете ја на 8 делови, а потоа од секој дел обликувајте топче. Во широк сад на оган ставете две чаши вода со една лажичка сол и оставете да зоврие.




Во зовриената вода спуштете ги топките тесто и варете ги по три минути од секоја страна. Извадете ги со решеткаста лажица и ставете ги во огноотпорен сад.

Одозгора косо засечете ги, па ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180-200 степени, приближно 25-30 минути или додека да заруменат. Еве ја постапката и за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: Палентата и 250 мл вода ставете да се вари. Кога ќе зоврие намалете ја температурата и варете 2-3 минути, со непрекинато мешање. Оставете малку да се олади. Во една чаша помешајте го квасецот со лажичка мед и 50 мл млака вода, па оставете да се активира.

Во подлабок сад за месење просејте го брашното и додајте сол. Потоа додајте го запенетиот квасец, па сварената палента (млака) и растопениот путер. Со лажица промешајте додека да добиете изедначено тесто, без грутчиња.

Тестото е меко и лепливо. Покријте го со намастена проѕирна фолија или кеса, па оставете го 2-3 часа, убаво да ферментира и да го удвои волуменот. Повторно премесете го тестото со лажица, па истресете го тестото во калап обложен со хартија за печење.

Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени, а тестото оставете го врз шпоретот за да ја користи топлината од рерната и уште еднаш да нарасне, за што му треба време од приближно половина час. печете го 30 минути на 200 степени или додека убаво да зарумени. оставете да се олади на решетка пред сечењето. / Сооlinarika.сom