Колачот е многу економичен и лесен, може да го направите во секој момент и за кратко време ќе ви се најде на трпезата. Нема полесен колач кој не прави да ви биде тешко на стомакот во овој период кога времето е спарно и се јаде нешто полесно.




Овој бајковиден старински колач наречен „Дунавски бранови” или „Дунавски валцер“, ќе ве потсети не само на убавите добри стари времиња, туку и на истоимениот, волшебен Штраусов валцер. Веруваме дека ќе ви се допадне овој одличен колач. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г путер, 200 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 5 јајца, 300 г брашно, 1 прашок за печиво, 2 лажици какао, 750 г вишни без семки. За крем: 2 пудинзи од ванила, 500 мл млеко, 200 г путер, 4 лажици шеќер во прав.




За глазура: 200 г чоколадо за готвење и 50 г путер. Во недостиг на свежи вишни, еднакво убаво може да послужат и смрзнатите или оние од компот. Важно е само тие да немаат семки.




ПОСТАПКА: Пенасто изматете го путерот со шеќер и ванилин шеќер, па додајте едно по едно јајце, вкупно 5 јајца и матете со миксерот со најголема брзина. Потоа додајте брашно и прашок за печиво, па изматете мазно тесто за пандишпан.




Половина од смесата излејте ја во намастен и наросен плех со брашно (средна величина). Во другата половина од тестото додајте какао и вишни, промешајте и откако ќе се изедначи прелијте ја врз првата смеса.




Овој оригинален бисквит со прекрасен вкус печете го во претходно загреана рерна на 180 степени околу 35 минути. Печениот бисквит оставете го настрана да се олади. Додека се пече и лади бисквитот, пригответе го филот: Пудингот од ванила сварете го во млекото и оставете го да се олади на собна температура.




Повремено промешувајте го за да не фати коричка. Путерот претходно омекнат на собна температура, пенасто изматете го заедно со шеќерот во прав. Потоа лажица по лажица, постепено додавајте му го изладениот пудинг. Матете додека целосно да се соединат.




Изладениот бисквит премачкјате го со кремот, па оставете го колачот во фрижидер да се лади еден час. За глазура искршете го чоколадото на парчиња, додајте путер и заедно растопете ги на пареа. Изладениот старински колач на крај прелијте го со чоколадната глазура и вратете го во фрижидер за да се олади и стегне. / Соolinarka.com