Дрво на иднината: Го засадил од љубопитство, па обезбедил дрва за 4 децении

Станува збор за едно интересно дрво хибрид наречено царско дрво или пауловнија, кое поднесува големи температурни разлики и кое последниве години разбуди интерес и на Балканот.

Па така, Србинот Делимир Гркиќ од Параќин чисто од љубопитство на својата нива засадил 150 стебла на 600 метри квадратни и за три месеци тие пораснале со височина од речиси три метри и достигнале дебелина на стеблото од околу 6 см.

Loading...

Во растот заостанале само оние садници кои биле под вода во текот на една поплава. Гркиќ е презадоволен иако на почетокот бил скептичен и не верувал на фалбите за ова дрво. За среќа, неговата љубопитност преовладувала.

Ова дрво потекнува од Кина каде се користи повеќе од 3000 години. Распространето е и во Јапонија, а на Балканот пристигна пред 10-тина години.

Со вкрстување добиени се нови поиздржливи видови кои успеваат на овдешните климатски услови. Сега новите видови можат да ги издржат зимските температури пониски и од 20 степени Целзиусови под нулата, а летно време преку 45 степени!

Како што објаснува Гркиќ, бил поттикнат од економската криза и една телевизиска емисија која го презентирала ова дрво.

“Цената на огревното дрво е се поголема бидејќи шумите немилосрдно се сечат а нема нови пошумувања. Стеблата од пауловнија ги засадив заради огрев, и како што гледам, нема да се покајам. Навистина растат брзо, па така подготвувам нови садници.

Напролет планирам да засадам уште 1000 на 40 ари, па така на своето семејство ќе им обезбедам огревно дрво за следните 3-4 децении.

Царското дрво има огромни листови и лисна површина и затоа расте толку брзо. Лесно се обработува и спаѓа во квалитетно техничко дрво.

За индустриска употреба е спремно за 7 до 10 години, а за тоа време стаблото достигнува дебелина од 50-тина см. Во Кина на пример имаат обичај кога ќе се роди женско дете да се засади пауловнија која се сече кога девојката ќе стаса за мажење. Потоа од тоа едно стебло се прави комплетен мебел за чејз.

НЕКТАР

Пауловниите се одлични и за пчеларите бидејќи нивните цветови се полни со нектар. Исто така, се користи и за исхрана на стоката, а листовите се косат на секое 20 денови. Оваа сточна храна е похранлива од луцерката. Од отпадните листови се добива квалитетен хумус за ѓубрење.

КИСЛОРОД ЗА 60 ЛУЃЕ

Царското дрво е корисно и како чувар на животната средина, бидејќи не е загадувач при согорувањето.Од еден тон изгорено дрво се добива само половина килограм пепел. Покрај тоа, со големите и широки листови произведува голема количина на кислород. Се проценува дека едно стебло произведува кислород колку што потрошуваат 60 луѓе.

Loading...