Home зимница Доматен сос за зима без конзерванси…додаток за пица, шпагети или готвени јадења…

Доматен сос за зима без конзерванси…додаток за пица, шпагети или готвени јадења…

Доматен сос за зима без конзерванси…додаток за пица, шпагети или готвени јадења…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 кг домати
4 главици кромид
2 главици лук
300 г шеќер
по прстофат чили, каранфилче, цимет (или по вкус)
2 лажици сол
1 лажичка црн пипер
150 мл оцет 9%
2 лажици скроб/нишесте/густвин

ПОСТАПКА:

1.Изблендирајте ги доматите и сипете ги во широко тенџере. Гответе ги 45 минути на умерена температура со повремено промешување. Одвојте 2 кутлачи во посебна чинија и тргнете настрана, за подоцна.

2.Кромидот сомелете го во блендер, додајте го во тенџерето и гответе уште 1 час. Потоа додајте го шеќерот, солта и сите наведени зачини. Додајте го оцетот и гответе уште 15 минути.

3.Потоа сомелете го лукот во блендер и додајте го во тенџерето. Во оние 2 кутлачи што ги одвоивте на почетокот, размешајте 2 лажици скроб, да нема грутчиња, па сипете во тенџерето и мешајте 5 минути.

4.Складирајте го врелиот доматен сос во во врели, стерилизирани тегли, затворете ги, па кога ќе се оладат складирајте ги заедно со другата зимница, на темно и ладно место. Постапката погледнете ја ОВДЕ.