Домашно топено, масно сирење – прекрасно!

Потребни состојки:

500 г домашно свежо сирење

100 г домашен кајмак

50 г путер

1 лажичка сода бикарбона, сол

800 мл свежо млеко

Постапка:

Издробете го свежото сирење во шерпа и прелијте го со свежото млеко, варете го на слаб оган се додека сурутката да се одвои од сирењето (млекото ќе поприми жолтеникава боја).

Тргнете од оган и процедете добро, најдобро преку газа. Оставете да се цеди околу два часа.

Растопете го путерот во шерпа и додадете го претходно процеденото сирење. Додека се топи на слаб оган, додадете сол и кајмак. Мешајте постојано!

Кога ќе се стопи речиси целото сирење, додадете сода бикарбона. Без паника, кога ќе започне да се подига само добро мешајте уште некои 5-10 минути.

Внимавајте на јачината, нека биде тоа средна температура. Само внимателно.

Растопеното сирење ставете го во претходно намастен калап по ваша желба.

Претходна статија65 годишен маж раскажува како со помош на магија заведувал млади жени и многу од нив ги женел
Следна статијаДомашни индијанки, лапни голтни – се топат во уста