Домашни корнишони во тегла за зимница…киселите краставички се вкусни и крцкаат…Фото и рецепт: Дијана Талевска
Потребни состојки за една тегла:
по потреба корнишони
1 супена лажица (рамно полна) сол
2 кафени лажичиња шеќер
10 супени лажици бела киселина- 9% алкохолна
5-6 зрнца црн пипер
10-15 зрнца бел синап
1 ловоров лист
по потреба вода
*По желба можи да се додаде и копар.
Начинот на подготовка едноставен и лесен:
Корнишоните убаво се мијат, им се кинат дршките. Се редат во чисти тегли.
Им се додаваат сите наведени состојки. Се дополнуваат со вода.Се затвораат со капаците.
Теглите наредете ги во плех. Ставете ги во незагрена рерна, тогаш приклучете на 100 степени и оставете ги 2 часа. Потоа исклучете ја рерната и оставате така да се изладат.
Најдобро е навечер да се подготвуваат, со тоа што цела ноќ ќе ги оставите во рерна. Утрото извадете ги и превртете ги со капаците надолу.
Тогаш ќе воочите ако некоја тегла не е вакумирана, ќе протечи од солилото. Тоа може да се случи само ако капаците се стари.