Рецепт и видео презентација на Том Филос – „Пита со спанаќ и сирење“. Добра, домашна, богата и топла, многу е вкусна и сочна. Едноставно толку многу е мирисна и вкусна што ве мами да посегнете по уште едно парче. Не можете да и одолеете.

пита со спанаќ и сирење – Том Филос

Потребни состојки за тесто: 600 г брашно, 1 кафена лажичка сол, 1 супена лажица масло, 290 мл вода. За фил: 600 г спанаќ исчистен, 500 г свежо сирење и сол по вкус. И уште: 200 г растопен путер за премачкување на корите.

пита со спанаќ и сирење – Том Филос

Постапка: Доколку имате миксер за месење тесто, едноставно сите состојки ставете ги во садот и вклучете го апаратот да работи неколку минути додека да го измеси тестото. Ако го замесувате рачно, ќе треба малку подолго да го месите затоа што не содржи квасец.

пита со спанаќ и сирење – Том Филос

Откако ќе ги измешате состојките, оставете го тестото да одмори 10-тина минути, а потоа добро измесете го додека да стане еластично, да се ослободи глутенот и да не се лепи на рака. Треба да биде средно тврдо. Формирајте топка и завиткајте го во проѕирна фолија.

Оставете го вака да одмори половина час. За тоа време пригответе го филот: измијте го убаво спанаќот и исцедете го, а потоа и ситно исечкајте го. Сирењето ситно издробете го (може да употребите и урда), па наизменично ставајте ги во подлабок сад.

пита со спанаќ и сирење – Том Филос

Редете спанаќ, па ситно сирење и со раката малку противајте го спанаќот за да омекне и да рамномерно да се распореди сирењето. Посолувајте по вкус (ова зависи од тоа колку сирењето е солено). Одмореното тесто формирајте го во валјак за полесно да го поделите на два еднакви делови.

пита со спанаќ и сирење – Том Филос

Потоа секој дел поделете на три еднакви делови, со што вкуспно ќе добиете шест. Секое парче премесете го и формирајте топче, а потоа шесте топчиња покријте ги со фолија и оставете ги малку да одморат. За тоа време пригответе тркалезна тепсија со пречник 30 см.

пита со спанаќ и сирење – Том Филос

Убаво намастете ја со масло за готвење или премачкјате ја со растопен путер. Потоа земете едно топче и со оклагија развлечете го во тенка кора. Додека ја развлекувате кората наросувајте по малку брашно за да не ви се лепи тестото, а кората да излезе потенка.

пита со спанаќ и сирење – Том Филос

Кората (малку поголема од величината на тепсијата) ставете ја на дното, направете мали набори и обложете ги ѕидовите. Потоа прелијте со малку масло или растопен путер, а најдобро е да користите силиконска четка за да се премачка убаво целата површина.

пита со спанаќ и сирење – Том Филос

Врз кората наредете една петина од приготвениот фил, рамномерно распоредете, па повторете ја постапката и со остатокот од тестото. Секое топче развлечете го во тенка кора, ставете ја кората врз филот и премачкјате ја одозгора со растопен путер. потоа распоредете фил.

пита со спанаќ и сирење – Том Филос

И сè така додека го потрошите материјалот, односно да дојдете до последната шеста кора која се става најодозгора и убаво се спакуваат краевите на питата. Потоа исечете ја и премачкајте ја со остатокот од растопениот путер. Рерната вклучете ја да се загрева на 220 степени.

пита со спанаќ и сирење – Том Филос

Кога добро ќе се загрее рерната, ставете ја питата да се пече околу 35 минути или додека убаво да зарумени. Печената пита извадете ја и покријте ја неколку минути со памучна кујнска крпа да се подизлади, па послужете ја. Сите детали од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

пита со спанаќ и сирење – Том Филос