ДОМАШНА МОЦАРЕЛА: Во продавница е многу скапа, а за овој деликатес ви се потребни само 2 состојки…Направете го вашето омилено сирење – моцарела дома.

Познатото италијанско сирење моцарела отсега можете да го направите дома со само две состојки.

Ќе ви биде потребно полномасно млеко, а доколку немате такво, тогаш во млекото додајте малку путер за да ги надокнадите маснотиите.

За една топка моцарела со големина на дланка (250 г) ќе ви бидат потребни 4 литри млеко и за некого ова не е исплатливо, но вистинските познавачи особено го ценат. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 литри млеко
1.5 чаша јаболков оцет (300 мл)

ПОСТАПКА:

Загрејте го млекото, но да не е многу топло, туку млако. Идеална температура е онаа на која можете да го ставите прстот во млекото без да изгорите.

Намалете ја температурата на минимум, па додајте го оцетот и почнете да мешајте со решеткава лажица.

Мешајте додека млекото да почне да се одвојува сурутка и цврста, растеглива материја. Штом се одвои префрлете го во цедалка која до половина е потопена во топла вода. Исперете го парчето во топлата вода со помош на дрвена лажица.

Додека го правите ова, водата нека се загрева на умерена топлина за да може сирењето да се опушти и растегнува. Мешањето/миењето трае 3-4 минути.

Потоа префрлете го врз работна површина и започнете да го диплите како тесто. Притоа натопувајте ги рацете во ледено студена вода и месете го сирењето за да излезе од него сета вода.

Штом добие конзистенција на растеглива гума, обликувајте го во топка, завиткајте го во стреч фолија и оставете го еден час во фрижидер пред консумација. Постапката погледнете ја ОВДЕ.