Косата е симбол на женственост и убавина, но за жал, поради честиот третман на коса со хемикалии, топлина при сушење, врзување и несоодветна нега косата станува сува, ретка или оштетена.

Сите овие фактори, заедно со секојдневниот стрес и промените во телото, предизвикуваат зголемено опаѓање на косата. За да го ублажите опаѓањето на косата и да придонесете за нејзината убавина, ви го препорачуваме овој шампон.

Лесно е да се подготви и е 100% ефикасен. По неколку миења на косата, ќе ги забележите првите резултати, косата ќе ви паѓа помалку, влакното ќе биде поцврсто, ќе имате поголем волумен, а по еден или два месеци редовно нанесување, вашата коса целосно ќе се обнови.

Како работи овој шампон

Верувале или не, овој шампон е вистинска витаминска бом-ба за вашиот скалп, а со тоа и за вашата коса. Копривата ја забрзува периферната циркулација и циркулацијата на скалпот, со што се забрзуваат метаболичките процеси во рамките на епидермисот. Затоа, другите состојки на овој шампон ќе се апсорбираат побрзо и со подобар квалитет.

Пантотенска киселина (витамин Б5) делува за зачувување на правилната функција на скалпот и ги стимулира неговите регенеративни процеси.

Рицинусовото масло ги зајакнува заштитните кутикули на косата. Богато е со витамин Е и рицинолеинска киселина. Витаминот Е е важен антиоксиданс и го спречува дејството на слободните радикали и нивните штетни ефекти врз скалпот и коренот на косата.

Покрај своите регенеративни својства, рицинусовото масло има и антифугално дејство (ги уништува габите кои се одговорни за појава на првут). Маслото има заштитен, смирувачки и заздравувачки ефект врз кожата, додека со својата густа и леплива конзистентност ги отстранува м ртвите клетки на скалпот, спречувајќи ги да ги запушат фоликулите на косата, што би влијаело на бавниот раст на косата.

АД капки или витамин А делува на различни физиолошки функции во човечкото тело, она што е важно за косата е нејзиниот регенеративен ефект врз скалпот, т.е. диференцијација на епителното ткиво. Комплексот на витамин Б ја потхрани косата и ја враќа јачината.

Шампон и маска од пантенол за нега на лице и коса се веројатно најевтините, најприфатливите, но и најефикасните препарати кога станува збор за домашна нега.
Овој домашен шампон ќе ви помогне ако имате проблем со лупење на скалпот, мрсна коса, а маската за лице ќе ви помогне за оштетена кожа, дамки на лицето, брчки и лузни.

Пантенол е ал-кохолен аналог од пантотенска киселина. Богат е со витамин Б5, поради што се нарекува и провитамин Б5. Најчесто се користи во козметиката и како таков може да се најде под името провитамин Б5, бепантен, декспантенол.

Пантенолот содржи пантотенска киселина, која е една од најважните компоненти на коензимот А, кој е главен за метаболизмот на клетките. Поради поволните својства, пантенолот може да се најде во скоро сите козметички препарати.

Често е состојка во шампоните и балсамите за коса, како и во многу производи за нега на кожата, бидејќи има хидратантно дејство врз кожата. Исто така, често се наоѓа во фарбите за коса, средствата за чистење на лице и гелови за миење.

Ова е необично соединение кое е потполно безбедно за луѓето и нивната околина.

Декспантенолот, кој е дел од пантенолот, се трансформира во пантотенска киселина во човечкото тело. Многу е погоден за мукозната мембрана и скалпот, а со тоа го зајакнува коренот и го забрзува растот на косата.

Пантенолот ја стимулира поделбата на епидермалните клетки и ги поддржува природните процеси на регенерација на кожата. Растворот на пантенол и дава оптимална влага на кожата и ја враќа природна pH средина.

Има антиинфламаторно и исклучително смирувачко дејство врз скалпот. Овој препарат може да го користат сите, без оглед на возраста, а исто така одговара на сите типови на кожа.

Кога станува збор за третман на оштетена коса, ова е еден од најсигурните производи, бидејќи го враќа сјајот на косата, го забрзува растот и спречува расцветување на краевите и понатамошно оштетување на веќе козметички третираната коса.

Како да го користите растворот на пантенол за нега на коса и скалп?

Пантенолот може да се нанесува во скалпот навечер пред спиење со нежна масажа, а може да се нанесе и по целата должина на косата. Пантенолот е одличен во комбинација со други производи. Во комбинација со рицинусовото масло, дава одлични резултати.

Времетраењето на држењето на пантенолот на скалпот не е ограничен, колку подолго се држи, толку подобар ќе биде ефектот врз косата. Најдобро е маслото и растворот да отстојат преку цела ноќ, а косата да се исплакне наутро. Пантенолот може да се користи на косата онолку колку што сакате и кога сакате. Нема ограничувања во употреба, но секако не треба да претерувате во ништо.

Многу е важно да знаете како да складирате раствор на пантенол. Повеќето луѓе мислат дека е подобро да се прелива во шише со спреј, но тоа е неправилно. Растворот на пантенол треба да се чува во оригиналното стаклено шише. Многу е важно да се користи само 30 дена по отворањето на шишето.

Шампон со пантенол и АД капки 

Потребни состојки: половина литар бебешки шампон, 100 мл пантенол раствор, 20 капки рицинусово масло, 20 АД капки.

Постапка: Измешајте ги сите состојки во сад и чувајте ја добиената мешавина во стаклено шише. Протресете го добро шампонот пред да ја измиете косата.  Препорачливо е да ја миете косата со овој шампон три месеци, а потоа да направите пауза од еден месец. Ова е докажан рецепт за косата и скалпот.

Маска за коса од пантенол, рицинус и кокосово масло – рецепт

Многумина тврдат дека ефектот на маската е поголем затоа што останува на косата подолго, но искуствата се различни, а на вас е да одлучите што најмногу им одговара.

Потребни состојки: 1 жолчка, 20 капки рицинусово масло, неколку капки раствор на пантенол, 50 капки кокосово масло.

Постапка: Од споменатите состојки, потребно е да се направи хомогена смеса и вака направената маска да се нанесе на косата, па да се завитка со крпа или најлон. Косата покриена на овој начин со крпа треба да отстои два часа пред да се исплакне со млака вода.

Нега на лице од пантенол и кокосово масло за брчки – рецепт

Потребни состојки: кокосово масло, пантенол крем.

Постапка: Овие две состојки не треба да се комбинираат, правилно е да се комбинираат одделно. Најпрво, отстранете ја шминката и измијте го лицето за да се отстранат сите нечистотии кои се насобрале на лицето во текот на денот.

Потоа исплакнете го лицето со млака вода и лесно пребришете со памучна крпа така што ќе правите лесно тапкање по лицето. Најпрво нанесете кокосово масло на целото лице како масажа, а кога ќе се впие маслото нанесете го пантенол кремот.

Избегнувајте ја површината околу очите и усните. Забелешка: Доколку користите некое друго масло за нега на лице, искористете го тоа наместо кокосовото. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска