Home зимница ДОМАШЕН ПИНЏУР…Многу едноставен рецепт, на сите им го препорачувам да си го...

ДОМАШЕН ПИНЏУР…Многу едноставен рецепт, на сите им го препорачувам да си го запишат…Многу вкусна зимница…

ДОМАШЕН ПИНЏУР…Многу едноставен рецепт, на сите им го препорачувам да си го запишат…Многу вкусна зимница…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2.5 кг пиперки
2.5 кг домати
1 кг модар патлиџан
неколку лути пиперки по желба
свеж магдонос
3-4 чешниња лук
350 мл масло
сол и шеќер
200 мл вински оцет

ПОСТАПКА:

Пиперките, доматите и патлиџаните испечете ги, па излупете ги и исечкајте ги на коцкички. Пиперките искинете ги на тенки лентички.

Во широко и длабоко тенџере сипете масло, оцет и доматите, додајте по една лажица шеќер и сол. Гответе додека да испари водата, 50-60 минути.

Потоа додајте ги пиперките и патлиџаните, па продолжете со готвење. На крајот додајте го лукчето и ситно сечканиот магдонос. Помешајте за сето убаво да се соедини.

Во топли и претходно стерилизирабни тегли складирајте го сварениот пинџур. Потоа убаво затворете ги и вратете ги во рерна на 90 степени, 1 час. Исклучете ја рерната и оставете ги теглите внатре да преноќат.

Потоа теглите сместете ги на темно и ладно место, заедно со останатата зимница. Постапката погледнете ја ОВДЕ.