ДОМАШЕН ПИНЏУР…Многу едноставен рецепт, на сите им го препорачувам да си го запишат…Многу вкусна зимница…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2.5 кг пиперки
2.5 кг домати
1 кг модар патлиџан
неколку лути пиперки по желба
свеж магдонос
3-4 чешниња лук
350 мл масло
сол и шеќер
200 мл вински оцет

ПОСТАПКА:

Пиперките, доматите и патлиџаните испечете ги, па излупете ги и исечкајте ги на коцкички. Пиперките искинете ги на тенки лентички.

Во широко и длабоко тенџере сипете масло, оцет и доматите, додајте по една лажица шеќер и сол. Гответе додека да испари водата, 50-60 минути.

Потоа додајте ги пиперките и патлиџаните, па продолжете со готвење. На крајот додајте го лукчето и ситно сечканиот магдонос. Помешајте за сето убаво да се соедини.

Во топли и претходно стерилизирабни тегли складирајте го сварениот пинџур. Потоа убаво затворете ги и вратете ги во рерна на 90 степени, 1 час. Исклучете ја рерната и оставете ги теглите внатре да преноќат.

Потоа теглите сместете ги на темно и ладно место, заедно со останатата зимница. Постапката погледнете ја ОВДЕ.