Аронијата  е многу значајна за превенција од срцеви заболувања и канцер, важна е за подобрување на циркулацијата, како и за здрави крвни садови. Се користи за здравје на очите, за превенција од дијабетес и стомачни тегоби, и како лек против настинки.

Во продолжение имате два рецепти: класичен рецепт кој се состои само од ароника, шеќер и ракија, и рецепт со додатоци кој освен основни состојки, содржи и лимон, ѓумбир, цимет, каранфилче… но затоа е вистински деликатес!

КЛАСИЧЕН РЕЦЕПТ – Потребни состојки: 1 килограм свежи бобинки од аронија, 250 г шеќер и домашна лозова ракија. Постапка: Аронијата добро измијте ја и оставете ја да се процеди. Потоа ставете ја во една поголема тегла.

Редете: ред аронија, ред шеќер, ред аронија, ред шеќер и се’ така додека да се исполни теглата. Потоа залијте со ракија и убаво затворете ја теглата. Оставете ја 5-6 седмици на светло место, топло но не претопло за да не испука теглата.

Кога ќе изминат пет седмици процедете ја содржината на теглата и добиениот ликер складирајте го во стаклено шише. На овој начин ќе добиете совршено здрав и вкусен ликер од аронија.

РЕЦЕПТ СО ДОДАТОЦИ – Потребни состојки: 1 кг аронија, 1 кг шеќер, 1 лимон, 1 парче ѓумбир (по вкус), 4 ванилин шеќер, 2 стапчиња цимет, 20-тина цели каранфилчиња и 2 литри ракија

Постапка: Прво пригответе една голема тегла со поширок отвор, која претходно убаво сте ја измиле. Измијте ја аронијата и пригответе ги останатите состојки. Лимонот исечете го на парчиња. Коренот од ѓумбир излупете го и исто така исечкајте го на помали парчиња.

Во теглата ставете ги сите состојки и прелијте со ракија. Полека промешајте ги состојките. Добро затворете ја теглата со капак или целофан и ластиче, за да не испарува алкохолот.

Привремено протресувајте ја теглата која се остава на сонце (не на пресилно сонце, кога е многу жешко се трга под сенка) вкуспно 6 седмици. Кога ќе изминат шест седмици, односно додека шеќерот целосно да се растопи, ликерот процедете го и складирајте го во стаклени шишиња.