Home напиток Домашен сируп од само две состојки, ја смирува кашлицата уште првиот ден…

Домашен сируп од само две состојки, ја смирува кашлицата уште првиот ден…

Домашен сируп од само две состојки, ја смирува кашлицата уште првиот ден…Сирупот се чува во фрижидер, а се употребува како и секој друг сируп, по една лажица трипати на ден, распоредени на еднакви временски растојанија.

Ова е одличен рецепт за приготвување на домашен сируп кој ја смирува кашлицата и болките во грло. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 мл пиво
150 г шеќер
околу 100 мл чај од нане (сува билка или кесичка чај)

ПОСТАПКА:

1.Шеќерот ставете го во сува тава на умерен оган да се растопи и карамелизира.

2.Во карамелот постепено додајте го пивото, па на тивок оган варете го додека пивото да испари и да добиете сируп, со конзистенција на  мед.

3.На страна направете малку чај од нане, па кога сирупот убаво ќе згусне и ќе започнат да се појавуваат мали меурчиња, додајте го и измешајте ги. Сирупот ќе се разреди од чајот и ќе добие конзистенција на течен мед.

4.Вака подготвениот сируп сируп тргнете го од оган (треба да добиете околу 250-300 мл сируп) и оставете да се олади на собна температура.

5.Складирајте го во стаклена тегличка или шишенце. Се чува во фрижидер.

Употреба: возрасни по 1 лажица на ден, трипати дневно половина час пред оброк или по потреба, а деца – мала лажичка. НАПОМЕНА: Пред употреба на препарати од народната медицина, секој треба да се советува со својот лекар.