Секој ќе се согласи дека нема ништо подобро од свежо испечен домашен леб од која цела кујна мириса прекрасно. Ова се едни од најдобрите рецепти за почетници, па нема да се покаете доколку го направите. Кога ќе се испече се добива тенка крцкава коричка, а однатре е мек како душа. Сите ќе бидат воодушевени. Еве што ви е потребно:

рецепт 1




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг брашно, 1 лажица сол, 2 кесички сув квасец (20 г), 650 мл млака вода и малку маслиново масло за премачкување.

рецепт 1

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1.2 кг брашно (или по потреба), 4 мали лажички сув квасец (2 кесички или 20 г), 2 мали лажички сол, 1 мала лажичка шеќер, 100 мл масло за готвење, 850 мл топла/млака вода

рецепт 2




ПОСТАПКА за рецепт 1: во подлабок сад просејте го брашното, додајте сол и квасец, па промешајте. Постепено додавајте млака вода и замесете меко тесто. Кога ќе започне да се одвојува од ѕидовите на садот, а сепак е малку лепливо, оставете го 10 минути да одмори.




Потоа нежно премесете го со подигање на тестото од страните кон средината да се формира топка, па додајте приближно 1-2 лажици маслиново масло, и повторете ја постапката, колку да се измазни тестото и да го впие маслото (не треба да се „џвака“ со рацете, туку само нежно да се собира кон средината).




Вака обликуваното тесто покријте го со капак или фолија и оставете го на топло место да стасува 90 минути додека да го удвои волуменот. Откако ќе стаса, тестото истресете го на набрашнета површина, нежно премесете го и поделете го на два дела. Секој дел обликувајте го во топка (малку долгнавеста).




Оставете ги врз набрашнета површина да одморат 10 минути. Секое од нив развлечете го во голема кора и внимателно свиткајте ги во ролат. Малку притиснете ги „ролатите“ на краевите и со дланката сплескајте ги одозгора, па покријте ги со крпа и оставете ги да ферментираат 40 минути.




По изминатото време површински засечете ги со коси линии, одозгора наросете ги со малку брашно, па ставете ги во добро загреана рерна на 220 степени, 25 минути. Под плехот во кој се печат лебовите можете да ставите вода со врела вода за дополнително да го омекнува тестото со водената пареа.




Печените лебови свиткајте ги во памучна крпа и оставете ги да одмораат 20 минути пред да ги сечете. Деталната постапка за вториот рецепт кој има и видео презентација, а можеби на некои повеќе ќе им се допадне, можете да ја прочитате ОВДЕ, сосе сити најситни детали кои се многу важни за успешен леб, мек како душа и тенка крцкава коричка.