I РЕЦЕПТ Домашен еурокрем без адитиви кој е поздрав од купечкиот а добивате 1,5 кг

Никој нема да го одбие овој фантастичен крем. Рецептот за домашна Нутела е доста едноставен, а добивате речиси 1,5 килограми од ова слатко задоволство. Направете си сами Нутела, без адитиви и израдувајте ги вашите деца.

Потребни состојки: 1 литар млеко, 200 г квалитетн путер, 6 лажици брашно, 6 лажици какао во прав, 200 г шеќер во прав, 1 јајце, 200 г лешник

Постапка: лешникот ситно сомелете го или исечкајте го во блендер (колку поситно – толку подобро). Измешајте го какаото, брашното и шеќерот во прав. Во тоа додадете половина литар млеко и јајце, добро промешајте. Втората половина од млекото ставете ја на оган да зоврие.

Во зовриеното млеко со постојано мешање додавајте ја претходната смеса. Додајте лешник и промешајте. Намалете го огнот и постојано мешајте додека смесата да згусне. Тргнете од оган, додајте го путерот и промешајте. Кога ќе излади – измиксајте со миксер. Оставете во фрижидер да преноќи.

Домашната Нутела се чува во стаклена тегла во фрижидер до 1 месец. Уживајте во овој прекрасен крем и не заборавајте да го споделите со вашите пријатели. Можете да го користите и како крем за филување на торти и разни колачи, за палачинки, лепчиња…

Коментар на Валентина Петкова Николовска: „Мојот рецепт за крем е следниот: Ладно цедено ленено масло, какао, мелени лешници, мед, за вкус екстракт од ванила, многу малку растително масло… сè се меша. Соодносот е по вкус. И навистина е многу вкусно, но малку скапо.”

II РЕЦЕПТ Домашен еурокрем готов за 20 минути!

Ова е рецепт за домашен еурокрем кој многу лесно се приготвува, а многу е вкусен. Пробајте па јавете ни како ви излегло и дали ви се допаѓа.

Потребни состојки: 150 мл вода, 300 г шеќер, 2 ванилин шеќер, 200 г путер, 200 г млеко во прав, 100 г чоколадо, 100 г бело чоколадо

Постапка: во еден сад ставете вода, шеќер и ванилин шеќер. Ставете на оган и загревајте додека да се растопи шеќерот. Додајте бело чоколадо и мешајте додека и тоа да се растопи. Штом зоврие, тргнете од од оган и оставете да излади. Потоа додајте ги путерот и млекото во прав. Добро измешајте па поделете на два дела.

На пареа растопете го темното чоколадо и додајте го во едниот дел, а во вториот додајте растопено бело чоколадо. Во тегла додавајте темна па бела смеса или истовремено двете смеси и затворете ја теглата.

III РЕЦЕПТ Млечен намаз со лешници и чоколадо – направете домашен еурокрем за помалку од 15 минути

Домашен крем без конзерванси, засилувачи на вкус и адитиви, направете им на најмилите вкусен намаз за палачинки, слатки кифли или парче леб… Превкусно!

Потребни состојки: 200 мл млеко (или вода), 100 г лешник (или бело чоколадо), 100 г чоколадо (или какао), 100-300 г шеќер (по вкус), 20 г ванилин шеќер, 250 г млеко во прав и 150-200 г путер

Постапка: лешниците најдобро е претходно малку да се потпечат во рерна или на сува тава, а кога ќе се оладат излупете ги, да бидат бели. Или купете ги веќе печени и излупени од продавница за здрава храна. Потоа ставете 100 г во блендер и ситно сомелете ги додека почнат мастите да се одвојуваат од нив.

сомелете 100 г лешник
Во тенџере ставете 200 мл млеко, 20 г ванилин шеќер и шеќер обичен, од 100 до 300 г во зависност од тоа колку сакате да ви биде сладок кремот
Додајте и 150-200 г путер исечкан на помали коцки

Во тенџере ставете 200 мл млеко, 20 г ванилин шеќер и шеќер обичен, од 100 до 300 г во зависност од тоа колку сакате да ви биде сладок кремот. Додајте и 150-200 г путер исечкан на помали коцки. Загревајте на умерен оган додека да се растопат и соединат состојките.

смесата поделете ја на два дела: во едниот дел промешајте ги мелените лешници, а во другиот сад промешајте 100 г црно чоколадо искршено на коцки
добро изматете со миксер

Садот тргнете го на страна, па постепено додавајте 250 г млеко во прав со постојано матење со миксер. Измиксајте добро за да нема грутчиња. Потоа смесата поделете ја на два дела додека сè уште е топла. Во едниот дел промешајте ги мелените лешници, а во другиот сад промешајте 100 г црно чоколадо искршено на коцки.

прво белиот крем, а потоа и чоколадниот…
двете креми додека се течни складирајте ги во соодветни садови
излевајте ги истовремено…

Измиксајте за да се соединат состојките. Смесата е полутечна, но тоа нека не ве буни, кога ќе се олади ќе се стегне. Складирајте во тегла и чувајте во фрижидер.