Домашен цврст јогурт, подобар од купечкиот…Има вкус на павлака и на овој начин не ги губи витамините…Многу е здрав…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 литри свежо кравјо млеко, најдобро домашно, но може и купечко
2-3 лажици маја

ПОСТАПКА:

Класичниот рецепт за подготовка на цврст јогурт како камен подразбира варење на млекото 15-20 минути за да испари вишокот вода и да се добие потребната конзистентност. Но, на тој начин се уништуваат сите витамини во млекото.

Тајната за правење на јогурт како камен, се крие во оваа лажица – никој не го знае ова

На тој начин, јогуртот е помалку хранлив. Ако сакате јогурт кој ќе ги содржи и корисните витамини, тогаш оставете да зоврие, а штом започне да се подига пената ставете дрвена лажица одозгора.

Намалете ја температурата на минимум и продолжете со варење 3-4 минути. На овој начин сепак ќе се елиминираат лошите бактерии, а ќе се сочуваат корисните витамини.

Тргнете го тенџерето од оган и оставете да се подизлади. Ставете го прстот и почнете да броите до седум. Ако на „седум“ почувствувате дека прстот ви „гори“, тогаш тоа е вистинското време за потквасување.

Ставете ја мајата (користете домашно ферментирана маја, од претходно што сте правеле јогурт/павлака/кисело млеко, која содржи живи култури) и промешајте.

Наполнете ги теглите, ставете ги во послужавник, одозгора покријте ги со хартиена салветка, па сите заедно завиткајте ги во ќебе за да се сочува топлината.

После 5-6 часа теглите префрлете ги во фрижидер без цврсто да ги затворате со капаците. Следниот ден јогуртот ќе биде убаво згуснат, па ќе можете цврсто да ги затворите. Постапката погледнете ја ОВДЕ.