Многу вкусен ајвар. Потребни состојки: 6 кг меснати црвени пиперки, 2-3 црвени домати со средна величина, 1 модар патлиџан (не мора да го ставите доколку не ви се допаѓа неговиот вкус), 500-600 мл масло, 3 чешниња лук, 3-4 лажици сол, 1 супена лажица шеќер и 70-80 мл оцет 9%
Постапка: Ова е основната мерка од која се добиваат 5 тегли од по 1 кг, што значи 5 кг ајвар. Доколку сакате да ја зголемите количината само зголемете ги продуктите во еднаков однос.
Исто така, и посолувањето е по вкус. Доколку сакате посолен ајвар, вкусете и додајте уште сол ако е потребно. А, доколку ајварот ви се чини кисел, додајте уште малку шеќер. На оваа количина ајвар доволно е 1,5 час пржење, но за поголема количина потребно е подолго време.
Теглите пред да се наполнат со готовиот ајвар потребно е да се стерилизираат во рерна на 100 степени (во ладна рерна ставете ладни тегли па потоа вклучете ја рерната). Во топли тегли ставајте топол ајвар.
Пастеризација: Теглите со ајвар ставете ги во ладна рерна а потоа вклучете ја рерната на 90-100 степени во времетраење од 90 минути. Потоа исклучете ја рерната и не отворајте ја до следниот ден.
Доколку сакате сепак да додадете конзерванс, мерката е 5 г за оваа количина и не мора пастеризација. Постапката погледнете ја во видеото: