„Како сопруг, татко и дедо, но и новинар, веројатно најмногу ме загрижува квалитетот на животот. Како лекар и судски патолог, длабоко се грижам за должината на животот и неговиот квалитет“, објаснува д-р Џорџ Д. Лунберг за „Medscape“.

Тој вели дека е малку предоцна да се избере да се живее животот на предците кои не ум реле од природна смрт во млада или средна возраст, но дека постојат начини да го продолжите вашиот „рок на траење“ на квалитетен начин.

Д-р Лунберг верува дека никогаш не треба да престојувате во просторија со чад од тутун, а исто така треба да го одржувате индексот на телесна маса во „здрав опсег“ користејќи различни алатки.

„Одржувајте го вашиот крвен притисок во нормални граници, со или без лекови и низок пулс во мирување, па најверојатно ќе доживеете длабока старост. Секој од нас, вели докторот, навистина може успешно да го контролира својот квалитет на живот, должината на својот живот и неговите параметри.

На патот кон бавното и убаво „созревање“, овие работи можат да бидат одлучувачки за многу поединци и ситуации, а има, како што вели, цврсти докази кои ги поткрепуваат повеќето негови тврдења.

Еве што друго треба да направите за да станете стогодишник: Не консумирајте шеќер, додаден во домашни или ресторански оброци, безалкохолни пијалаци кои се полни со шеќер и кофеин, вештачки овошни сокови, индустриски печива, десерти или преработена храна.

Јадете интегрални житарици, вклучително и трици. Консумирајте надземен, лиснат зеленчук, помалку коренест зеленчук, јаткасти плодови, но и бобинки и внесувајте дополнителни влакна. Суплементирајте дневен додаток на магнезиум, но и витамини К2, Ц и Д.

Не грижете се околу консумирањето на животински и растителни масти (без транс масти), вклучувајќи млеко, сирење, месо, морска храна и јајца. Уживајте во овие намирници, но умерено.

Имајте два богати оброци дневно, без грицкање меѓу оброците, тое е најдобриот избор доколку сакате да го зачувате вашето здравје и да доживеете длабока старост. Можете да пиете некои алкохолни пијалаци, но не пред 17:00 часот, или воопшто не ги пијте.

Никогаш, никогаш не користете „улични опи јати“. Не користете природни или синтетички опи оиди за ништо друго освен краткорочно олеснување на тешка или напредната болка од р ак, по препорака на вашиот лекар. Во такви ситуации, користете сѐ што ви треба. Советите на докторот можете да ги слушнете ОВДЕ. Прочитајте: Староста е убава и здрава доколку знаете како да се грижите за себе: еве како да остарите на убав начин – ОВДЕ.