Доколку пробавте сè и не можете да ги намалите килограмите, најверојатно јадете погрешна храна. Постојат многу диети, но само една дава најдобри резултати, велат нутриционистите. Додека не ја прилагодите диетата според вашето тело, килограмите нема да се намалуваат.

Формата на телото одредува која храна најмногу ќе ви одговара, а нутриционистите велат дека овој вид диета дава најдобри и најбрзи резултати. Постојат 3 категории на структура на телото, имено постои форма на јаболко, круша и песочен часовник. Луѓето со форма на песочен часовник имаат најдобар метаболизам, додека другите две форми повеќе се склони кон гоење.

Постојат многу диети, но само една дава најдобри резултати

Секоја форма различно ги складира маснотиите и троши енергија на свој посебен начин, па затоа доколку сакате да го намалите вишокот на килограми, видете ја формата на вашето тело. Ако се обидете да јадете според препораките на вашата форма на тело, ќе бидете изненадени колку брзо ќе ги забележите резултатите.

Диета за видот јаболковидна форма на тело

Луѓето со тело во форма на јаболко страдаат од вишок инсулин и кортизол, и акумулираат маснотии во пределот на стомакот. Овој тип на тело се нарекува ендоморфен тип на тело. Повеќето масни наслаги се таложат во стомакот, додека рацете и нозете најчесто се тенки.

План за диета: Нутриционистите советуваат да ја елиминирате масната храна и да се фокусирате на јадење посна храна. Исто така, зголемете го внесот на „бавни“ јаглехидрати, како пто се на пример: леќата и просото. Зголемете го внесот на протеини и зеленчук, додека шеќерите треба да се сведат на минимум.

Имајте за цел балансирана исхрана која се состои од 30% јаглехидрати, 35% протеини и 35% маснотии дневен внес. Пример за мени: Појадок: 1 јајце, грст млад спанаќ, 2 лажици сечкана моцарела, 2 парчиња пршута, 1 парче леб од цели зрна.  Ужина: 1 јаболко, 1 лажица путер од кикирики.

Ручек: Салата со пилешко. Ужина: 1 круша, 1 парче тврдо сирење. Вечера: 85 г пилешки гради без кожа, маринирани во соја сос и сок од портокал, 1 мал печен компир со кожа. Десерт: 1 јогурт, 2 лажици ленено семе, 1/2 чаша боровинки.

Диета за видот крушковидна форма на тело

Телото во облик на круша, наречено ектоморф, се карактеризира со потенка линија во горниот дел од телото, а мастите се таложат во колковите и бутовите. Брзиот метаболизам е позитивна карактеристика на телото во облик на круша.

Ако имате ваков вид форма на телото, исфрлете ги јаглехидратите и месото од вашата исхрана. Се препорачува да се јаде зеленчук со растителни влакна, кисело млеко, не толку масно месо, бобинки и претежно овошје.

Пример за мени: Појадок: чаша овесна каша, млеко, 1 банана, сок од портокал. Ужина: Неколку крекери и сирење моцарела.  Ручек: 2 парчиња леб од интегрално брашно, 2 парчиња шунка, 1 парче сирење, зеленчук. Ужина: 1 чаша јогурт, 1 јаболко. Вечера: Печени пилешки гради на скара, 1 чаша зготвен грашок. Десерт: пудинг од чоколадо без шеќер.

Диета за видот песочен часовник форма на тело

Овој вид форма на тело се нарекува мезоморф. Со оваа форма на тело, обемот на градите и колковите е приближно ист, додека масните наслаги се таложат хармонично. Бидејќи овој тип на тело припаѓа некаде помеѓу јаболко и круша форма на тело, макроелементите треба подеднакво да се поделат на јаглехидрати, протеини и масти. Обидете се да одвоите една третина од вкупниот број калории што ги внесувате на секоја од овие групи, но избегнувајте слатки.

Пример за мени: Појадок: Омлет, печурки, пиперки и моцарела, 2 парчиња салама и 1 парче леб. Ужина: Суво грозје и неколку бадеми. Ручек: 1 чаша супа по ваш избор, салата, варено јајце, парче сирење, парче леб. Ужина: 1 чаша житарки богати со растителни влакна, 3/4 чаши млеко. Вечера: 100 г лосос во соја сос, 1/2 чаша варен кафеав ориз, зеленчук. Десерт: 1 чаша јогурт и 1 праска.

Менито на исхрана прилагодете го според тоа што смеете, а што не смеете да јадете. Комбинирајте ги оброците според вашата форма на тело, а вишокот килограми и масните наслаги ќе исчезнат за многу кратко време. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска