Додајте само 1 состојка во пилешкото и никогаш нема да ви биде суво и жилаво, ова е тајната на професионалните готвачи

Додајте само 1 состојка и пилешкото никогаш нема да ви биде суво и жилаво, ова е тајната на професионалните готвачи. Рецепт на Валентина од каналот Кујната на Валентина Машковиќ. Пилешки медалјони, многу сочни и вкусни, ги правам постојано.




По овој рецепт ќе ви излезат многу вкусни. Сите го сакаме пилешкото, но сите знаеме дека доколку се превари или препржи може да биде многу суво. Сега ќе ви покажам како го подготвувам јас, а после ова и вие ќе го практикувате овој метод.




Тајната на сочноста е само 1 состојка. Ова може да го практикувате и со шницли од свинско или јунешко месо, а за возврат добивате сочно месо. Јас моментално правам пилешко филе, месо околу 1 кг, но може да си земете колку сакате.




Ставете еден по еден стек во поголем сад и зачинете по вкус. Од зачини користам: сол, црн пипер, рузмарин и малку вегета. Тајната состојка е во зачинетото месо да ставите млеко кое треба да отстои заедно со стековите.




Млекото треба да го прелие месото, а потоа се остава да отстои околу половина до еден час, покриено со проѕирна фолија. Многумина не го знаат ова, но млекото ја извлекува маснотијата и го омекнува, му дава сочност.




На овој начин повеќе нема да ви биде суво и жилаво. По отстојување, месото се похува со брашно, презла и масло. Потоа, секое парче месо се става во брашно, па во презла и се пржи во претходно загреано масло. Истото може да го направите и со јогурт.




Овие шницли уште се нарекуваат и виенски, но доколку не сакате да е премногу масно, може да испржите без похување и на тој начин ќе бидат многу сочни и неодоливи. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.




Во продолжение прочитајте уште нешто: Пилешкото месо е здраво, но овој дел никако не смеете да го јадете – му ште-ти на организмот повеќе од масната кожа. Пилешкото бело месо треба да го јадете во нормални количини бидејќи изобилува со протеини и здрави масти.




Но сите делови од белото месо не се подеднакво здрави, а особено овие три треба да ги одбегнувате. Кардиолозите и нутриционистите веќе подолго време препорачуваат да не се јаде кожата и мрсниот дел од пилешкото.




Пилешкото месо е одличен извор на влакна и колаген, но овој дел, односно кожата на пилешкото месо не изобилува со колаген, напротив со штет-ни материи. Покрај тоа голем број на бактерии се присутни во кожата на пилешкото месо.

 




Исто така, џигерот и главата на пилето воопшто не треба да ги додавате во дневното мени. Иако џигерот изобилува со витамин Б, во него сепак се акумулирани многу масти кои го покачуваат холестеролот.

Претходна статијаРУЧЕК СО ПЕЧЕН КАРФИОЛ, за 30 минути сè е готово, исечкај и нареди,многу вкусно и брзо
Следна статијаПЕЛАТИ ДОМАТИ ВО ТЕГЛА: Ниеден италијански сос не му е рамен по вкусот