Колку е тешко да се разбере човечката добрина? Добар човек е оној кој несебично дава многу, а не бара ништо за возврат. Седам и ја сумирам човечката добрина. Па колку ли често го размислуваме ова прашање?




Можеби нема конкретен одговор, но добрината се крие длабоко во душата. До неа треба да се искачи цела планина, а штом се стигне на врвот, се дише многу почисто. Толку е лесно да се воочи карактерот на една личност во само неколку минути запознавање.




Понекогаш првиот впечаток може да измами, но зборот е оној кој што го открива срцето. Добриот човек покажува искрени чувства и ги докажува. Во повеќето случаи, добар човек е оној кој им помага на луѓето околу него. Но, се поставува прашањето дали сето тоа е навистина од срце или едноставно станува збор за добар манир.




Апсолутно со сигурност може да се каже дека добриот човек чувствува сè, а не само смиреност, љубов и разбирање. Па можеби агре-сивноста и лу-тината се дел од него, но тоа е само затоа што е добар човек.




Тој не ги крие своите емоции и не е лицемерен. Зошто би бил? Со добриот човек знаеш на што си, а го почитуваш бескрајно. Добриот човек има посебна енергија и ги дига од постела и најнега-тивците. Ги почитува другите, а најмногу од сè, простува.




Нему му се случиле многу нешта, а тој созреал во добра душа само затоа што искусил многу. Сепак добриот човек е тука да прости и да даде шанса. Доколку не го цените тоа, сте изгубиле богатство..




Покрај, тоа знае и да се извини. Тој греши затоа што не е совршен, но пред Господ е чист. Одлучува да се извини и не се кае поради тоа. Добриот човек никогаш не се става над никого. Тој има целосно отсутно чувство за супериорност над другите.




Исто така, тој никогаш, под никакви околности, не се обидува да промени друга личност. На крајот на краиштата, луѓето не се совршени и затоа нема смисла да се менуваат, тие едноставно можат да им посочат некои грешки што им ги направиле.




Кон овие ставови се придржува само добар човек, тој ги почитува луѓето околу него. За таквите луѓе, не постои поделба на пристојни и непристојни, тие се подеднакво ценети.

Како да станете подобра личност?

Малку е веројатно дека постои посебна шема и чекор по чекор инструкции. Првото нешто што треба да направите е да започнете да размислувате како добар човек. Треба да се сфати дека сите идеи и мисли треба да бидат насочени кон страната на доброто, но исто така, треба да се верува во тие мисли.




Нема потреба да се свртуваме наназад и да се каеме за минатото. Всушност добриот човек знае да остави некои работи да течат сами по себе, а нега-тивноста да ја отпушти од рака.

Елементот на добрина ни овозможува подобро да се однесуваме, да си помагаме едни на други, да се разбираме и на тој начин да создадеме мирна и посреќна заедница која е полна со доверба и разбирање.




Самиот Бог нè советува да бидеме добри едни кон други. Тој нè поттикнува да го сакаме својот ближен како што се сакаме себеси и го поставува ова како основна заповед за да се осигура дека живееме и имаме добри односи со другите околу нас.

Секогаш постои отплата за љубезноста и добрината, што се појавува на различни неочекувани начини. Животот е непредвидлив, затоа, не знаете што може да се случи утре. Простувајте си меѓусебе, а и на самите себеси, тоа е најголемиот мир што некогаш ќе го имате.

За да станете навистина добра личност, потребно е да ги следите промените, а со нив да се усовршувате. Добриот човек продолжува понатака. Сепак, мора да имаме предвид дека секоја индивидуа има свој, чисто личен поглед на сè.

Добриот човек може да те остави без да се сврти и да те погледне, па макар и да те сака најмногу на целиот свет. Ќе те натера самиот да си ја сфатиш грешката, а потоа и да се промениш кон подобро, но за жал овојпат без негово присуство.

Тешко е да се даде конкретен одговор на тоа што е добар човек. Секој може да биде добар човек на различен начин. Иако многумина со сигурност ќе речат дека целта е да се утврди што е добар човек, потребно е време. Сепак светот е едно големо парче земја, но не е Утопија. Добриот човек се настројува кон здравје, мир, среќа и човечност..

,,Човечката величина не лежи во богатството или моќта, туку во карактерот и добрината. Луѓето се само луѓе, и сите луѓе имаат грешки и недостатоци, но сите ние сме родени со основната добрина.“ – Ана Франк.

Некој денес седи во сенка затоа што некој одамна засадил дрво на тоа место.“ – Ворен Бафет. Доброто е како природата, неизмерен пејзаж во кој човекот напредува низ вековно истражување.“ – Хозе Ортега Гасет.