Ако сакате да ослабете, пред секој оброк изедете го ова – драстично го намалува апетитот, тврди руски нутриционист

Ако сакате да ослабете, потребно е да внесувате помалку калории од обично и ова на сите им е јасно. На пример, ако вашите дневни потреби биле 1800 калории, намалете ги на 1500 или 1200 калории ако сакате да почувствувате ефект, пишува НМД.мк




Или пак, кај жените тоа обично е 1200 калории, а за да ослабат треба да намалат на дневен внес од 800 калории. Но, спроведувањето на овој метод воопшто не е лесно, првенствено затоа што бара да ги броите калориите на сите намирници што дента ќе ги изедете, пребарување низ табели, вагање на храната…




Сепак, постои еден трик кој може да го измами телото, односно чувството за глад, а на тој начин ќе го намалите апетитот и помалку ќе внесувате храна, тврди рускиот нутриционист, Алексеј Ковалков.




На овој начин, ќе јадете двапати помалку, к илограмите ќе почнат да се т опат, и нема да чувствувате глад во ниту еден момент. За да избегнете прејадување, треба да го започнете оброкот со трици, вели тој.




„Триците е одлични затоа што даваат чувство на ситост“, тврди нутриционистот. Според Ковалков, ќе избегнете прејадување ако јадете каша направена од една рака трици и малку вода пред јадење.




Секако, се препорачува луѓето кои се склони кон огромно внесување на храна и имаат зголемен апетит, да се консултираат со лекар кој ќе најде индивидуален пристап кон решавање на овој проблем.




Овесните трици се богати со витамини, минерали и растителни влакна. Тие, покрај намалувањето на апетитот и забрзувањето на метаболизмот, ја стимулираат работата на цревата и се многу малку калорични.




Покрај тоа, тие го зајакнуваат имунитетот, го намалуваат ризикот од дијабетес и се верува дека можат да го регулираат нивото на холестерол.

ТРИЦИ – ОВЕСНИ И ПЧЕНИЧНИ: Што се и како се јадат?

Триците се добиваат со дробење на тврдата лушпа на интегралното зрно. Тие содржат витамини ПП, Б1, Б2, Е, селен, магнезиум, цинк, калиум, железо и други корисни елементи во трагови. Но, најважно: триците се извор на огромни количини на влакна, бавни јаглехидрати и протеини.




Трици – груби диетални влакна што нашите црева ги користат како абсорбенти. Тие апсорбираат вишок вода, токсини, масти, тешки метали и ја потиснуваат сварената храна долж цревниот тракт. Како резултат на тоа, работата на дигестивниот систем се подобрува. Триците често се препишуваат кога постои стагнација на жолчката, слаба подвижност на дебелото црево и запек.




Во цревата, триците ги врзуваат жолчните киселини и со тоа го намалуваат нивото на холестерол во крвта. Добро е да се јадат трици за превенција од атеросклероза. Ако не ви пречи да јадете зачинета и масна храна, тогаш не заборавајте да додадете и трици во вашата исхрана.




Во стомакот, триците набубруваат и создаваат чувство на ситост. Покрај тоа, тие го намалуваат гликемискиот индекс и содржината на калории во производите, помагаат во намалувањето на нивото на шеќер во к рвта. Ако сте склони кон прекумерна тежина, редовното јадење на трици помага во одржување на соодветна тежина и избегнување на дијабетес.

Колку трици можам да јадам дневно?

Препорачаната количина на трици не е повеќе од 30 грама, односно околу 2 лажици (една рака). Започнете со 1 или 2 лажички на ден во текот на првата недела и постепено зголемување на дозата. Не заборавајте да пиете 2 литри чиста вода дневно бидејќи сепак, триците се сув производ и бараат доста влага за да бидат ефикасни.

Како да се јадат триците?

Можете да ги пиете со сок, чај или вода. Совршена закуска: додајте трици во чаша со кефир или јогурт (со ниска масленост). Ова е одлична алтернатива наместо скапите јогурти кои се продаваат во шишиња со неконтролирана количина шеќер и житарици од непознато потекло.

Триците е најдобро да се јадедат пред ручек. Каша за појадок: сварете ги трицити во чинија со врело млеко или вода, оставете неколку минути и засладете ги по вкус, а може да додадете и бобинки и парчиња овошје.

Кога не треба да се јадат трици?

Трици не треба да се јадат за време на влошување или постоење на гастритис, чирови, колитис и инфективен ентеритис, како и во случај на недостаток на некои витамини.

Loading...
Претходна статијаДобар човек е оној кој не е себичен и дава многу, а не бара ништо за возврат од другите: ова се најдобрите квалитети на добрата личност
Следна статијаГЛАМУРОЗНА БАЈАДЕРА: Торта која е готова за 15 минути