Само еден ден седмично во кој ќе јадете исклучиво лесна храна е доволен за да се ослободите од подуеноста и да го исчистите организмот од отрови.

Ако овој ден го претворите во вообичаен седмичен ритуал, со текот на времето ќе се забележат видливи резултати кога ќе застанете на вагата.

Оваа диета е популарна под називот ЕДЕН ДЕН и ги залуде жените жирум светот, а причината е тоа што нема претерано одрекување и не е опасна како некои други диети.

Како делува оваа диета?

Го олеснува отстранувањето на вишокот течности од организмот и овозможува многу важен одмор на органите кои учествуваат во дигестијата на храната.

Доколку ваквиот диетен ден го спроведувате еднаш седмично, во текот на еден месец – ќе изгубите 3 килограми, под услов, да не се прејадувате во другите денови.

Може да одберете едно од двете предложени менија. Општо правило: без сол и додаток на зачини и со задолжителен внес на 2 литри вода во текот на 24 часа.

ОРИЗОВ ДЕН

Што е потребно: 150 грама ориз сварете во многу вода и поделете го во три порции.

Совет: наутро и навечер во оризот можете да додадете малку зеленчук со зачини, а за ручек 200 г варен домат.

КОМПИРОВ ДЕН

Што е потребно: 70 г компир и 60 г варен зеленчук, за една порција, исто така, за појадок, ручек и вечера.
Компирот може да биде варен или печен во рерна. Зеленчукот за прилог може да го сварите на пареа.

Совет: Дозволени се зачини магдонос, мајчина душичка.