Домашна диетална и здрава пита која изобилува со хранливи материи. Корите се филуваат со многу зеленчук, пред сè со праз кој освен што е многу вкусен, тој е исклучително здрав и секој треба да го јаде. Питата можете да ја приготвите и со готови кори, но кој сака може да си развлече и со домашно тесто. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за тесто): 3 чаши топла/млака вода (600 мл), 1 кесичка сув квасец (10 г), 1 лажичка шеќер (10 г), 2 супени лажици јаболков или вински оцет (40 мл), 7 чаши брашно (820 г), 1 лажичка сол (10 г).

АКО СЕ ПРАВИ СО ГОТОВИ КОРИ: 500 г готови кори за пита, 1 кесичка сув квасец, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сол, 4 шолји (мали за кафе) млеко, 2 шолји масло и 3 шолји брашно. Се активира квасецот и се додаваат сите состојки. Се премачкува секоја кора, а на секоја трета се става фил и се витка во ролат. На крај сите ролати се премачкуваат со остатокот.




ЗА ФИЛ: 1 кг праз, 2 домати, 2 компири, 1 голем морков, 3 зелени пиперки, 1 црвена пиперка, 1 супена лажица доматно пире (20 г), 1 лажичка црн пипер во прав (5 г), 1 лажичка сол (10 г), 1 китка свеж магдонос, 150 г путер за премачкување на корите + 90 мл масло. За премачкување одозгора: 2 жолчки + 1 супена лажица млеко (10 мл)




ПОСТАПКА (за тесто): Во подлабок сад ставете три чаши топла вода, додајте квасец и шеќер, па промешајте да се раствори. Додајте го оцетот, па започнете постепено да го додавате брашното. на почетокот мешајте со лажица, а потоа замесете со рака додека да добиете компактно, меко тесто кое сосем малку лепи на рака.




Малку намастете го, формирајте топка и оставете го покриено со стреч-проѕирна фолија да отстои еден час на собна температура (во топла просторија) додека убаво да стаса и да го удвои волуменот. Додека стасува тестото имате време да го приготвите филот: целиот потребен зеленчук измијте го под млаз ладна вода и оставете да се исцеди.




Празот ситно исечкајте го и запржете го во малку масло (60 мл). Додајте рендан компир и рендан морков, па заедно динстајте неколку минути со повремено промешување. Потоа додајте ги сечканите пиперки, промешајте и поклопете. По неколку минути додајте додамтен сос и зачини. Промешате за да се распоредат зачините.




Поклопете и динстајте уште неколку минути на тивок оган, а пред крајот додајте го ситно сечканиот магдонос. Кога зеленчукот целосно ќе биде омекнат, тргнете го настрана и оставете да се олади, па поделете го на 6 дела (за 6 кори). За тоа време тестото треба да биде убаво стасано. Истиснете го воздухот од него и истресете го на работна површина.




Тестото поделете го на 6 приближно еднакви делови, а од секој дел формирајте топче. Покријте ги топчињата на набрашнета површина и оставете да одморат 10 минути. После тоа од секое топче на набрашнета површина со помош на cyкало развлечете голема и тенка кора. Преку целата површина намастете ја со мешавина од растопен путер и масло.




На едниот крај нанесете го филот, па свиткајте во вид на ролат, така што најпрво ќе ги преклопите страните за да не истекува.

Приготвените ролати редете ги во намастен и обложен со хартија плех од рерна. Ролатите премачкјате ги со остатокот од растопениот путер, а потоа и со мешавина од разматени жолчки и малку млеко.




Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 40-45 минути. Печењето прилагодете според вашата рерна. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.