Избегнете ги овие 9 чести грешки и вашите тестенини ќе бидат совршено сварени. Тестенините се веројатно највкусното и најлесното јадење за подготовка. И, секако во комбинација со сос, вкусот е неодолив. Но, овие девет грешки не смееме да ги правиме ако сакаме тестенините да бидат вкусни како од ресторан.
Тестенините ги варите во мало тенџере
Ако подготвувате шпагети во мал сад, веројатно треба да ги исечете на половина или тестенините ќе се залепат едни за други. Исто така, малото тенџере може да ги направи тестенините кашести, бидејќи немаат простор убаво да се сварат.
Кога ќе ги ставите тестенините во мал сад со врела вода, тоа значително ќе ја намали температурата, што значи дека треба многу време за водата повторно да зоврие. И колку подолго тестенините се во млака вода, толку повеќе стануваат лепливи и кашести.
Не чекате да зоврие водата
Можеби ви се чини дека цела вечност и е потребна на водата за да зоврие. Но, колку и да ви изгледа тешко чекањето, никако не ги ставајте тестенините во млаката вода пред таа да зоврие. Млаката вода ќе ги направи невкусни и лепливи.
Не ја насолувате доволно водата во која се варат тестенините
За тестенините да имаат богат и сочен вкус, потребно е веднаш штом ја ставите водата да зоврие, да ставите и неколку лажички сол. За да процените колку сол ви е потребно, пробајте малку од водата, а таа треба да има вкус на морска вода.
Ставате масло во водата за готвење
Ставањето масло во водата во која се варат тестенините е голема грешка која сите некогаш сме ја направиле. Ова е доста погрешно, советуваат професионалните готвачи бидејќи тестенините ќе станат подебели, а сосот нема доволно да се впие во нив. Откога ќе се сварат тестенините, исцедете ги и тогаш додадете малку путер или маргарин во нив. Следниот пат кога ќе готвите тестенини, заборавете на маслото.
Ги ставивате тестенините во вода и заборавате на нив
Точно, тестенините не бараат многу внимание при готвењето, но не треба да ги игнорирате. Потребно е да ги мешате одвреме навреме за да бидете сигурни дека не се залепени и дека се готват подеднакво рамномерно.
Ги оставате тестенините да се готват долго време
Времето на готвење пропишано на пакувањето е добар водич при варењето на тестенините. Тие нема да се преварат и да имаат непривлечен вкус, па дури и да се направат како каша. Колку и да ви се чинат тестенините тврди (ал денте) варете ги според упатството.
Верувајте нема да згрешите. А откога ќе го подготвите сосот, измешајте ги тестенините во него и тие ќе продолжат да се готват уште неколку минути. На овој начин, тестенините ќе апсорбираат многу повеќе сос и ќе бидат повкусни.
Ги плакнете тестенините со ладна вода
Плакнењето на тестенините со ладна вода ќе ги измие сите вкусови и ќе ги олади. Наместо да го правите тоа, исцедете ја водата од нив и пренесете ги тестенините директно во тенџерето, каде што ќе продолжат да се варат уште неколку минути и ќе ги апсорбираат сите оние прекрасни вкусови.
Тестенините ги оставате да отстојат подолго време
Со тестенините, сè треба да се одвива брзо, особено откога ќе се сварат. Однапред подгответе го сосот и веднаш штом тестенините се сварени, додадете ги во него, измешајте и веднаш послужете на трпезариската маса. Доколку ги оставите да стојат некое време, ќе станат тврди, лепливи и ќе го изгубат вкусот.
Кога ќе завршите со подготовката на тестенините, заштедете неколку лажици вода во која сте ги зготвиле и едноставно додадете ги во сосот.
Ја фрлате водата во која сте ги готвеле тестенините
Тајната на професионалните готвачи не е ништо специјално, туку водата во која се вареле тестенините. Можеби звучи неверојатно, но таа е совршената состојка која го подобрува вкусот на сосот бидејќи, ако ја фрлате водата по варењето на тестенините, всушност ја фрлате највредната тајна состојка за приготвување на кремасти вкусни сосови.
Имено, оваа вода е богата со скроб и му дава посебен вкус на сосот. Не само што е повкусен, туку сосот изгледа покремаст и поубав поради белузлавата вода. Водата во која сте ги зготвиле тестенините додадете ја во сосот само на крајот од неговата подготовка и имајте на ум дека течноста од тестенините е веќе солена, затоа внимавајте сосот да не го пресолите.
Ние ви претставуваме уште неколку начини како може да ја искористите водата од тестенините. Можеби некој од начините ќе ви звучи чуден, но верувајте со ова ќе ја направите вистинската работа.
Во водата во која сте ги свариле тестенините, згответе го зеленчукот како грашок, брокула или леќа. Овие намирници се одлични за имунитетот, а водата од тестенини може да го зголеми нивниот ефект.
Подгответе тесто за леб или пица. Солената вода е идеална состојка при подготвување на тесто со квасец.
Масирајте ја косата со водата од тестенини
Верувале или не, ако ја масирате косата со оваа вода, косата повеќе нема да биде оштетена и сува. Направете блага масажа почнувајќи од скалпот кон врвовите како чешел. Оставете да делува 5 минути, а потоа само исплакнете со обична вода.
Натопете ги нозете во вода од тестенини после напорниот ден
За ублажување на отокот и болката во нозете, натопете ги во топла вода со тестенини. Топлата вода ќе предизвика ширење на крвните садови, ќе го намали отокот и ќе ве опушти.
Цвеќето потхранете го со оваа вода
Водата во која сте ги готвеле тестенините може да им помогне на вашите растенија да се зачуваат и да се заштитат од несакани паразити, затоа повремено наводнувајте ги (внимавајте на солта и имајте ја во предвид). Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.