Нашата потсвест може многу нешта да ни каже и открие за нашето здравје (физичко и ментално), за средината во која се наоѓаме, но и за луѓето со кои сме опкружени. Само треба да научиме да ги „читаме“ и забележуваме знаците кои таа ни ги открива. Кога емоционално се поврзуваме за друга личност, меѓу нас се создава невидлива врска.




Дури и ако веќе не сме физички присутни и блиски, или пак, не разговараме со таа личност, можеме да ја почувствуваме нивната тага или среќа. Како можете да знаете дека таа личност мисли на вас? Ова се неколку знаци објаснети од психолози, а некои се извлечени од народната мудрост:




Како можеш да знаеш дека таа личност размислува за тебе? Еве неколку знаци:

1.Неочекуван наплив на емоции

Понекогаш, ненадејните напливи на силни емоции „од нигде-никаде“, чувство на трепет во стомакот и трема без причина, не можеме да си ги објасниме објективно, бидејќи реално во дадениот момент не биле предизвикани од реална ситуација. На пример, замислете ситуација кога добро се забавувате, во друштво сте или сами, а во следниот момент одеднаш ве растажува некој детаљ.




Имате наплив на емоции кои ве обземаат и се чувствувате чудно. Големи се шансите во тие моменти некој ваш близок да зборува или да размислува за вас. Тоа може да биде вашиот сегашен или бивш партнер или некој стар пријател, кој додека зборува за вас, кај него се будат емоции и на тој начин остварува „невидлива врска“ со вас..




2.Сонувате одредена личност

Можеби никогаш претходно не сте го сонувале тој познаник или пријател, близок или далечен роднина, сосед или колега, но синоќа тој неочекувано се појавил во вашите соништа. Дури толку многу е силен сонот, што можете да почувствувате што мисли таа личност, што прави и како зборува.




Најверојатно е дека неговото појавување во вашите соништа е поврзано со тоа што личноста интензивно мисли за вас и дека се обидува или размислува да ве контактира, но бидејќи контактот не се остварил на јаве, врската се воспоставува преку сон.




3.Желба да се биде поблизок

Многу луѓе веруваат дека судбината нè зближува со одредени луѓе и средбите не се случајни. Постои верување дека всушност се вљубуваме или ги засакуваме луѓето за кои потсвесно чувствуваме дека ни одговараат по карактер и душа.

Од тие причини несвесно бараме начини да ја внесеме таа личност во нашите животи и да го намалиме растојанието меѓу нас. Како што велат, доволно е, ако одредена личност е постојано во ваша близина, да знаете дека тоа е сигурен знак дека размислува за вас и несвесно посегнува по вас и сака да се поврзете.




4.Насмевка која долго трае

Обратете внимание на она што го правите кога ќе сретнете стар, драг пријател кој долго време не сте го виделе. Се насмевнувате, а насмевката останува на вашето лице повеќе од 10 секунди. Личноста која често размислува на вас, ќе забележите дека подолго ќе зборува со вас и поинаку отколку со другите.




5.Таа личност често е во вашето видно поле

Човекот кој мисли за вас, сака и да ви биде близок. Затоа, често ќе ја гледате таа личност наоколу. Доколку забележите дека истата личност постојано ја среќавате во вашата околина тоа е јасен знак дека мисли на вас и сака да воспостави контакт со вас.

6.Нозете на таа личност секогаш се вперени во ваша насока.

Нозете природно се вртат во насоката во која сакаме да одиме. Постои потсвесна врска помеѓу нашите намери и насоката што ни ја покажуваат стапалата. Ако сте во друштво на луѓе, вашите нозе секогаш ќе бидат свртени кон оние што ви се допаѓаат и сакате да ги слушате.




7.Личноста е заинтересирана за вашите пријатели

Човек на кој му се допаѓате, ќе биде заинтересиран и за вашите пријатели, за вашата средина, за вашите навики и желби, и сè она што ви се допаѓа.

8.Доаѓа кај вас без причина

Кога сте добри со некого, таа личност ќе бара каков било начин да го привлече вашето внимание. Ќе сака да дојде кај вас, дури и ако за тоа нема објективни причини, или пак, ќе изнаоѓа причини за што подолго да поминувате време заедно.




9.Ушите ви „горат“

Едно старо народно верување вели дека ако ви „горат“ или силно се вцрвениле и ве чешаат ушите, некој зборува за вас. Ако ве чеша левото уво, некој размислува за вашите маани. Ако вашето десно уво ве чеша или „гори“, некој што ве сака зборува за вас.

10.Ненадејно кивање

Повторно, едно попyларното народно верување вели дека ненадејното кивање значи дека некој ве споменува. Ако личноста која мисли на вас е во ваша близина, ќе ви каже „на здравје“.