Ќе имате двојна корист доколку дома започнете да си одгледувате овошје во саксии. Особено за затворен простор, цитрусите би биле одличен избор. Постојат неколку правила за одгледување на цитрусите.




Како прво правило, не смеете да дозволите земјата во саксијата да се исуши, па затоа многумина ги користат лимените канти за таа намена, кои овозможуваат сочувување на влажноста на земјата.




Лимената канта можете да ја декорирате со разни слики, или да има дадете на вашите деца да насликаат некаков цртеж на неа. Или едноставно, доколку не ви се допаѓа користете каква било саксија, или лимената ставете ја во некоја поголема, украсна.




Цитрусите сакаат земјата да им биде влажна, но не премногу за да не им се оштети коренот. Исто така, сакаат мешавина од земја која потсетува на глина. Заливајте ги понекогаш со прскалка, бидејќи ги сакаат ситните честички вода врз нивните листови.




Редовно прихранувајте ги цитрусите со мешавина од ѓубриво погодно само за нив, а кое можете да го набавите од блиската Земјоделска аптека или некоја добро снабдена цвеќарница.




ЛИМОН ДРВО: Ова е најчестото цитрусно овошје кое се одгледува по домовите. ЛИМЕТА ДРВО: Во текот на топлите месеци ова дрво изнесете го пред домот или на тераса, на сонце, а зимно време и напролет чувајте го внатре. Водете сметка да не остане без вода и редовно ѓубрете го.




ПОРТОКАЛ ДРВО: Кога го одгледувате дрвото портокал, секогаш избирајте џуџести сорти кои можете да ги одгледувате во саксија и да ги чувате дома. Ова дрво ќе започне да дава убав род и нема да бара преголема грижа, доколку правилно се однесувате со него.




СМОКВИНО ДРВО: Поставете ја смоквата на место на кое ќе има сонце од 6 до 8 часови дневно. Редовно залевајте го со вода, бидејќи смоквата сака доста влага и водено опкружување, но и компост од глинеста почва. Штом започне летото, смоквата изнесете ја надвор.




ДРВО МАСЛИНКА: Ова е преубаво и декоративно дрво кое мора да го поставите на место на кое ќе има шест часови сонце. Сака топло и влажно место, а особено ја сака влажната почва.




Два месеци во текот на годината дврото на маслинка внесете го во подрум за да почувствува промена на годишното време. На тој начин од него ќе измамите побогат род но и поубаво ќе се развива.




ПРАСКИ: Иберете џуџеста сорта и уживајте во декоративното дрво во својот дом. Обезбедете му шест часови сонце дневно, а истото важи и за кајсијата. Одберете џуџеста форма која расте само до еден метар. Кајсијата сака тесна саксија, многу сонце и влажно дренирано тло.

АВОКАДО: иако џуџесто, сепак има склоност да расте високо, па затоа мора редовно да го поткаструвате. Нема да даде плод во затворен простор, ама многу е декоративно. БАНАНА: исто како и авокадото ќе порасне високо ако не го поткаструвате. БОРОВИНКА: чувајте ја дома само во текот на зимата, а потоа изнесете ја на тераса или двор.